Согледувањата за развојот на македонскиот писмен јазик во научниот опус на Људмил Спасов
Journal
Зборник во чест на проф. д-р Људмил Спасов – по повод 70 години од неговото раѓање
Date Issued
2022
Author(s)
Abstract
Текстот се занимава со анализа на студијата посветена на Константин М. Петкович, како и на одделни статии од истакнатиот македонист Људмил Спасов. Преку читањето на неговите ставови во контекст на поширокиот македонистички научен корпус, доаѓаме до сознанија за неговата специфична аналитичка постапка, која подразбира следење на културно-историските појави и процеси во контекстот на нивното влијание врз актуелните состојби. Прашањата кои Спасов ги анализира се од исклучително значење како за историјата на македонскиот јазик и литература така и за соодветното поимање на македонистичките студии во пошироката сфера на славистиката. Во неговите проучувања се јасно видливи условите во кои се развивала и се развива македонската јазична и културна посебност, која е речиси постојано во центарот на случувањата, како во науката така и во јавниот живот. Неговото дело е уште една потврда за континуитетот на македонистиката и за нејзиниот исклучителен научен квалитет, кој овозможи да се збогати словенскиот културен свет со гласот кој потекнува од извориштето на словенската култура и традиција.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Искра Т. Хаџи-Бошкова (8. Јазична и книжевна историја и културологија).docx
Size
48.77 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):b29cce574dcf0d60b6c4247120d9cb53
