Улогата на книжевноста во разнишување на политичката моќ во Заробениот ум на Милош
Date Issued
2018
Author(s)
Малеска, Калина
Abstract
Овој есеј го истражува начинот на кој Чеслав Милош во своето дело Заробениот ум ги објаснува и се обидува да ги надмине недоразбирањата за тоа зошто голем дел од интелектуалците од Источна Европа го прифатиле комунизмот. Освен што темелно ги истражува општествено-историските околности со цел подобро да ги разбере и објасни мотивите на писателите да го напуштат својот автентичен начин на пишување и да се приклонат кон барањата и принципите на социјалистичкиот реализам, Милош исто така навлегува и во темата на тоа со кои постапки и методи некои книжевни дела успевале одредено време да го поткопаат политичкото влијание во Полска. Четирите поглавја на делото што следат по размислите за општите принципи даваат портрети на четворица полски интелектуалци кои се приклониле кон комунистичкиот режим. Иако постои осуда кон ваквите постапки, сепак, Милош се обидува објективно да ги претстави и да придонесе кон разбирање на нивните мотиви, укажувајќи на тоа дека би било премногу симплифицирано сфаќањето дека тие треба брзо и лесно да се осудат.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Slavistika_KMaleska_Zarobeniot um.pdf
Size
333.75 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):176a2769e9c351133c070d08d69e9cb8
