Institute of Economics

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/27

Browse

Search Results

Now showing 1 - 2 of 2
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Продуктивна или главна активност на населението како индикатор за квалитет на живот
    (Економски институт – Скопје, 2022)
    Александра Лозаноска
    ;
    Елизабета Џамбаска
    Индикаторот продуктивната или главна активност на населението претставува еден од деветте индикатори за квалитетот на животот кои ги објавува Еуростат за потребите на Европската унија. Овој индикатор се однесува, од една страна, на работата на вработените, на самовработените лица или на неплатените семејни работници, која што се плаќа, а од друга страна ја опфаќа и неплатената работа (грижа за членовите на семејството или волонтирање) и други видови статус на главна активност (на пример, студирање или пензионирање). Врз основа на параметрите кои ги дава Еуростат и кои го оформуваат индикаторот, во рамки на овој дел од монографијата се анализира продуктивната или главна активност на населението во Република Северна Македонија. За таа цел земени се предвид одделни аспекти на квантитетот и квалитетот на вработеноста во земјата, за последните десет години, при што е опфатено работоспособното население на возраст од 15-64 години. Истовремено, направена е споредба со состојбите во ЕУ-27 (без Велика Британија). Како извор на податоци се користи базата на Еуростат за да се избегне методолошка неусогласност, која може да се јави доколку се користат различни извори на податоци.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
     Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид - 19 пандемијата
    (Економски институт – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2023-03)
    Елизабета Џамбаска
    ;
    Александра Лозаноска
    Монографијата насловена „Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата” претставува сублимиран приказ на состојбите во економијата на Република Северна Македонија, со фокус на економскиот развој и пазарот на работна сила, пред и за време на Ковид-19 кризата. Целта на истражувањето во оваа монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила, како и врз продуктивноста и квалитетот на живот. Во рамки на монографијата се анализираат и резултатите од анкетното истражување, спроведено за да се осознаат перцепциите и ставовите на вработените за последиците и промените на нивните работни места и во секојдневното живеење предизвикани од здравствената криза.