Institute of Economics
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/27
Browse
2 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Продуктивна или главна активност на населението како индикатор за квалитет на живот(Економски институт-Скопје, 2022) ;Лозаноска, АлександраЏамбаска, ЕлизабетаИндикаторот продуктивната или главна активност на населението претставува еден од деветте индикатори за квалитетот на животот кои ги објавува Еуростат за потребите на Европската унија. Овој индикатор се однесува, од една страна, на работата на вработените, на самовработените лица или на неплатените семејни работници, која што се плаќа, а од друга страна ја опфаќа и неплатената работа (грижа за членовите на семејството или волонтирање) и други видови статус на главна активност (на пример, студирање или пензионирање). Врз основа на параметрите кои ги дава Еуростат и кои го оформуваат индикаторот, во рамки на овој дел од монографијата се анализира продуктивната или главна активност на населението во Република Северна Македонија. За таа цел земени се предвид одделни аспекти на квантитетот и квалитетот на вработеноста во земјата, за последните десет години, при што е опфатено работоспособното население на возраст од 15-64 години. Истовремено, направена е споредба со состојбите во ЕУ-27 (без Велика Британија). Како извор на податоци се користи базата на Еуростат за да се избегне методолошка неусогласност, која може да се јави доколку се користат различни извори на податоци. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид -19 пандемијата(Економски институт-Скопје, 2023) ;Џамбаска, ЕлизабетаЛозаноска, АлександраЦелта на истражувањето во оваа Монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила. Со оглед на тоа дека во анализата е вклучен и периодот пред промената на уставното име на земјата, во соодветните делови се користи името Република Македонија. Анализата се однесува на макроекономските услови пред и за време на пандемијата во Република Северна Македонија, со фокус на економскиот раст и развој и пазарот на труд. Постојните статистички податоци, на годишно и квартално ниво, покажуваат значајни промени и намалувања на макроекономските индикатори како резултат на пандемијата. Намалената економска активност во Република Северна Македонија, продуцирана од значителното намалување на домашната и надворешната побарувачка во време на пандемијата, најмногу ги погоди: производствениот сектор, туризмот, трговијата и недвижностите, како и менаџирањето во овие сектори. Истовремено, таа наметна огромни предизвици за креаторите на политиките. Сите овие промени во голема мера влијаеја и на перцепциите и ставовите на вработените за тоа како Ковид-19 пандемијата се одрази врз животниот стандард, работата, продуктивноста и економијата. За таа цел беше спроведено анкетно истражување преку online анкета за да се добијат мислењата и ставовите на вработените во Република Северна Македонија за последиците од пандемијата во претходно наведените области. Резултатите од анализата на добиените одговори на анкетниот прашалник се ставени во контекст на теоретските сознанија и досегашните истражувања, а во насока на идентификување на можни начини за надминување на настанатите проблеми и последици од Ковид-19 кризата. Истите се анализирани и се презентирани во третиот дел на трудов.
