Faculty of Design and Technologies of Furniture and Interior
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/7
Browse
2 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ПРОСТОРНИ КОНЦЕПТИ ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА АРХИТЕКТУРА ОД 19 ВЕК И НИВНА ПРИМЕНЛИВОСТ(2024-05-23)Temelkovski, BrankoОвој труд се бави со анализа на просторните концепти на македонската традиционална архитектура од 19 век. Кога станува збор за македонската традиционална архитектура, обично се подразбира и се визуелизира специфичен стилски правец кој се појавил на крајот на 18 век и се развивал сé до почетокот на 20 век. Сепак, според пошироко тумачење на тој поим, македонската традиционална архитектура не е само стилски правец или формална експресија, туку пред сé еволутивен модел и органска интеракција на повеќе базични архетипски принципи, културен артефакт и медиум преку кој е презентирана македонската култура во форма на висок духовен развој и сложени просторни конструкти. Додека минатиот век претставуваше време на ревалоризирање на вернакуларната архитектура од аспект на нејзините слободни и недогматски принципи и поимања за просторот и културата воопшто, актуелниот век е време на посебен интерес за одржливост во сите сфери, посебно во сферата на архитектонскиот дизајн. Според тоа, цел на овој труд е да се детектираат основните просторни концепти во смисла на категоризација на архитектонските форми и просторни конфигурации кои се базираат на заеднички карактеристики, функции, принципи и просторни квалитети, наспроти специфичните стилски или формални атрибути. Одлуката за оваа тема се базира пред сé на намерата да се потенцира важноста на просторните концепти на македонската архитектура од аспект на нивна применливост во современ контекст, со особен акцент и нејзина валоризација низ призмата на одржлив дизајн. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ВЛИЈАНИЕ НА ГЕОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКОИ СОСТАВИ ДОБИЕНИ СО ОБРАБОТКА НА CNC - МАШИНА ВРЗ ЈАКОСТИТЕ КАЈ КОНСТРУКЦИИТЕ НА СТОЛОВИ ОД ДРВО(2025)Nikola MihajlovskiТипот на налегнувањето и точноста на обработка на составите со чеп и отвор имаат влијание врз јакостите, а со тоа и врз издржливоста на дрвените столови. Во финалното производство за овој вид на состави се препорачува цврсто налегнување со преклоп од 0.1 до 0.2mm. Со развојот на CNC технологијата, денес во подем се машини таканаречени “CNC центри” со повеќе последователни операции за изработка на финални елементи од мебел. Точноста на мерењето е дел од производствената метрологија и е од пресудно значење за запазување на толеранциите и налегнувањата. Поради големата точност и брзина на мерење се почесто се користат координатни мерни системи каде најзастапени се координатните мерни машини (CMM). Во системот на стандарди GPS (Geometrical product specifications) пропишана е една матрица која ги опфаќа сите геометриски карактеристики на производот: димензии, облик, правец, положба, агли, како и квалитетот на површините. Целта на ова истражување е да се добијат информации за влијанието на квалитетот на обработка, искажан преку геометриските карактеристики на составите од чеп и отвор добиени со обработка на CNC машина врз јакостите кај конструкциите на столови. Експерименталното истражување беше изведено на три најчесто употребувани состави од чеп и отвор. Пробните парчиња беа изработени од буково дрво (Fagus Sylvatica). Еден дел од составите беа изработени со конвенционална технологија, а другиот дел со CNC технологија. Лепењето на составите беше извршено со поливинил ацетатно лепило (PVA) тип D2. Мерењето на геометриските карактеристики на пробните парчиња беше извршено на СММ - координатна мерна машина. Рапавоста на површините беше мерена со контактен метод и дефинирана со параметрите Ra, Rz и Rmax. Предмет на испитување од механичките својства на составите беа јакоста на свивање и јакоста на истегнување. При изработка на состав од овален чеп и отвор изработен на CNC технологија, дебелината на чепот е во НТ 10, а на отворот НТ 40 класа на точност на обработка. Отстапувања од номиналната мера кај геометриските карактеристики на составот имаме во кружност, паралелност, правоаголност и симетричност со вредност од -0.026mm до 0.470mm. Добиена рапавост на површината при изработка на чепот е Ra = 10.1μm, Rz = 75.3μm и Rmax = 91.8μm. Составите кај кои имаме налегнување со преклоп од -0.1 mm до -0.2 mm, јакоста на кршење при свивање е значајно поголема за 17.4% од силата на кршење на составите каде имаме неизвесно или лабаво налегнување. Составите кои имаат неизвесно или лабаво налегнување имаат еднаква сила на кршење при истегнување со составите кај кои налегнувањето е со преклоп.
