Faculty of Civil Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/4

Browse

Search Results

Now showing 1 - 5 of 5
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Оперативно управување со ХЕЦ со примена на симулационен модел
    (Здружение Македонски комитет за големи брани, 2024)
    Стевчо Митовски, Фросина Пановска, Љупчо Петковски
    По поплавата на градот Скопје во далечната 1962 година, експертите од Македонија го подготвија планот за изградба на браната „Козјак“ како заштита од големи поплави кои потекнуваат од сливот на река Треска. Првите студии и идејни проекти за браната „Козјак“ се изработени во далечната 1962 година, додека главниот проект е завршен во 1989 година. Изградбата на браната започнала во 1994 година, а завршила десет години подоцна, со пуштање на хидроцентралата Козјак во 2004 година. Главна намена на хидросистемот „Козјак“ е заштита на градот Скопје од катастрофални поплави, но и производство на електрична енергија. Проценетото производство изнесува 130 GWh годишно. Во овој реферат се прикажани резултати од симулациски модел на акумулацијата „Козјак“ со придружните објекти со цел да се согледа производството на електрична енергија при зададен влезен хидрограм од долга низа на мерени податоци од 30 години. Анализите покажуваат дека максималната реализирана моќност на системот изнесува P = 55,40 MW наспроти инсталираната моќност од Pins = 82 MW, со средногодишно производство на електрична енергија од 120 GWh, а најголемиот протек кој минува низ централата изнесува Q = 66,04 m3/s наспроти инсталираниот капацитет од Qins = 100 m3/s.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Определување на влијанието на оперативните параметри при управување со ХЕЦ со примена на модел базиран на машинско учење
    (Здружение Македонски комитет за големи брани, 2024)
    Фросина Пановска Георгиевска, Љупчо Петковски, Стевчо Митовски,
    Низ историјата на човештвото, паралелно со напредокот на цивилизациите, несомнено напредувале и методите за анализа на конструкциите во градежништвото. Од камено доба, до изградбата на Пирамидите во Египет, изградбата на Вавилонската кула, канализацијата и водоводот во Рим, Кинескиот ѕид, Акрополот во Атина, до изградбата на браната „Три клисури“ во Кина со неверојатна височина од 181 m и должина во круната од 2.335 m, дојдовме до момент во историјата на градежништвото кога градбите достигнаа неверојатни големини, со нови материјали од карбонски влакна, челик и бетон, задржувајќи ја својата стабилност, пркосејќи им на временските услови и на гравитацијата. Алатка од поново време којашто наоѓа примена несомнено во секој сектор од градежништвото е користењето на алатките од машинско учење – гранка на вештачката интелигенција. Машинското учење нуди можности во градежништвото за оптимизација на објектите, анализа на безбедноста на објектите, анализа на чинењето и оптимизација на трошоците за објектите, како и помош во секојдневното управување со нив во реално време. Во овој реферат е опишана примената на алатките од машинско учење со анализи во апликацијата SOLDIER во анализа на производството на електрична енергија на ХЕЦ „Козјак“.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Модификација на напречниот пресек на свртувачка комбинирана брана во фазно надвишување на хидројаловиште
    (Здружение Македонски комитет за големи брани, 2024)
    Љупчо Петковски, Стевчо Митовски, Фросина Пановска Георгиевска
    Најголемиот дел од водостопанската, енергетската и од рударската инфраструктура во Северна Македонија, во чијшто состав се хидротехнички објекти, се од постар датум и се наметнува проблемот за подобрување на сигурноста и функционалноста на старите брани. Подобрувањето на браните се однесува на повеќе сегменти, од кои доминантни се следните три. Прво, во изборот на инвентивни и уникатни решенија за зголемување на капацитетот на акумулациите (кај водните брани) и таложните езера (кај јаловишните брани), што е резултат смалувањето на расположливите води и порастот на потребите за вода (за водните брани) и лимитираниот простор за развој на рударството (за јаловишните брани). Второ, во иновирањето на техничката документација во согласност со најновите критериуми за хидролошка и конструкциска (статичка и сеизмичка) стабилност, зашто за населението низводно од браната сосема е небитно дали потенцијалната опасност би била од евентуално уривање на стара или нова брана. И трето, во навремената детекција и санацијата на оштетувањата на хидротехнички објекти, кои не може целосно да се избегнат зашто се предизвикани од изложеноста на активното дејство на водата, со цел да се спречи нивниот прогресивен карактер.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Application of building information modeling (BIM) in hydrotechnics
    (Macedonian Committee on Large Dams, 2024-10)
    ;
    Duska Sofronievska Milokva
    ;
    Nikola Krstovski
    Traditionally, project documentation is produced in two-dimensional graphical presentation with the aid of computer software. This approach is time-consuming and of low efficiency. Building Information Modeling is an advanced technology that is the basis of digital transformation in the AEC industry. BIM represents an innovative process based on an unambiguous 3D model that allows clear visualization and offers tools for more efficient planning, design, construction and management of construction facilities. The aim of the paper is to emphasize the benefits of the application of BIM in hydrotechnical projects, with a special reference to the benefits obtained from the design based on BIM technology. By presenting the basics of the concept of Information Modeling of buildings and through practical modeling of hydrotechnical facilities.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,