Faculty of Civil Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/4

Browse

Search Results

Now showing 1 - 5 of 5
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Геотехнички аспекти на проектирање на насип за заштита од поплави во сливот на реката Неретва
    (2017)
    Ljubenkov, Igor
    ;
    Papić, Jovan
    ;
    Strašeski, Atanas
    Малото населено место Крвавац во Р. Хрватска често е плавено, поради што е подготвена програма за проектирање на заштитен хидротехнички насип. За таа цел извршени се геотехнички истражувања со кои е увидено дека нивото на подземна вода е речиси на површина на терен и дека во основата има различни материјали, помеѓу кои и некои со прилично слаби карактеристики. Во таа насока, по усвојувањето на меродавен пресек и почитувањето на геотехничките параметри, извршени се анализи на стабилност на косини, со кои е позициониран геосинтетичкиот водонепропусен елемент, пресметани се слегањата на насипот за различни временски периоди и дадени се предлози за нивно намалување, со оглед на неповолното искуство на инвеститорот во тој поглед токму во сливот на Неретва. Истите ќе бидат темелно објаснети во рефератот, со што, покрај останатото, би се дал придонес и кон подигањето на свеста на надлежните институции во Р. Македонија за значењето и благовремено инвестирање во проектирање и изведување на заштитни хидротехнички насипи, без оглед на големината на штитеното место, особено имајќи ги во предвид стихијните временски прилики во регионот.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Преглед на водостопански карактеристики на Имотско-Бекијско поле во граничен појас на РХ и БиХ
    (2015)
    Ljubenkov, Igor
    ;
    Papić, Jovan
    ;
    Jovanov, Zoran
    Со цел да се заштити од поплава Имотско-Бекијското поле и подобрување на водостопанските услови, од средината на XX век до денес се изградени повеќе хидротехнички објекти (акумулации, ретензии, тунели и др.) со кои сигурноста од поплавите е значително зголемена. Полето е типично карстно со многу сложени хидролошки и хидрогеолошки односи, што е карактеристично и за другите карстни полиња. Во трудот е даден приказ на најзначајните водостопансски работи спроведени во минатиот период на оваа подрачје, при што посебно е истакнат проблемот со поплавите кои повремено сè уште се јавуваат.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Влијанието на еолската ерозија врз нефункционирањето на мелиоративните системи
    (2014)
    Ljubenkov, Igor
    ;
    Jovanov, Zoran
    ;
    Papić, Jovan
    Во последните 50-тина години, во повеќе наврати во Далмација е забележана интензивна еолска ерозија и тоа на различни локации. Дел од тие појави предизвикале големи штети не само на земјоделските површини, туку и на мелиоративните канали. Размерите и последиците од еолската ерозија ќе зависат, освен од климатските фактори, и од карактеристиките на почвата, заштитеноста на површините и антропогеното влијание со кое процесот на ерозија може да се зголеми или намали. Во трудот е прикажан пример на Сињско поле на кое се забележани две мошне силни еолски ерозии во април 1967 и февруари 1984. Во последните 20-тина години променети се земјоделските услови на подрачјето на Сињско поле, а со тоа и деградацијата од ветер е со послаб интензитет. Сепак, еолската ерозија е присутна и понатака, па прашинестиот материјал од земјоделските површини завршува во мелиоративните системи, што бара чистење на каналите и отстранување на наносот како би можеле одводнувањето и наводнувањето правилно да функционираат.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    „Гранични услови“ за изработка и можен предлог за национален анекс на Еврокод 7
    (2014)
    Dimitrievski, Ljupcho
    ;
    Papić, Jovan
    Еврокод 7 се однесува на геотехничкото инженерство, при што делот 7-1 го покрива геотехничкото пресметување, а 7-2 теренските и лабораториските испитувања. Но неговата подготовка, поради варијации на географските, геолошките и климатските услови коишто го предизвикале развојот на нетипизирани локални начини на пресметка, била отежната и посложена отколку кај другите еврокодови, од каде произлегол поинаков формат на еврокод. Имено, во Еврокод 7-1 се понудени три различни пресметковни постапки, како и комплети на парцијални коефициенти што треба да се применат во нив. По прифаќањето на Еврокод 7 секоја земја треба да донесе уште две важни одлуки поврзани со изборот на постапката според која би се вршело димензионирањето на геотехничките конструкции и со дефинирањето на соодветни парцијални коефициенти. Во овој труд се прикажани условите коишто морало да се испочитуваат при правењето на овие избори за Р. Македонија.