Влијанието на еолската ерозија врз нефункционирањето на мелиоративните системи
Date Issued
2014
Author(s)
Ljubenkov, Igor
Jovanov, Zoran
Papić, Jovan
Abstract
Во последните 50-тина години, во повеќе наврати во Далмација е забележана интензивна еолска ерозија и тоа на различни локации. Дел од тие појави предизвикале големи штети не само на земјоделските површини, туку и на мелиоративните канали. Размерите и последиците од еолската ерозија ќе зависат, освен од климатските фактори, и од карактеристиките на почвата, заштитеноста на површините и антропогеното влијание со кое процесот на ерозија може да се зголеми или намали.
Во трудот е прикажан пример на Сињско поле на кое се забележани две мошне силни еолски ерозии во април 1967 и февруари 1984. Во последните 20-тина години променети се земјоделските услови на подрачјето на Сињско поле, а со тоа и деградацијата од ветер е со послаб интензитет. Сепак, еолската ерозија е присутна и понатака, па прашинестиот материјал од земјоделските површини завршува во мелиоративните системи, што бара чистење на каналите и отстранување на наносот како би можеле одводнувањето и наводнувањето правилно да функционираат.

Subjects