Faculty of Civil Engineering
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/4
Browse
3 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Експериментална и аналитичка анализа на АБ елементи изложени на долготраен постојан товар(Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје, 2019-10) ;Стојкоска Евгенија ;Доцевска Марија ;Наков Дарко ;Аранѓеловски ТониМарковски ГоранВлијанието на собирањето и течењето на бетонот врз однесувањето на армиранобетонските елементи најчесто се проверува преку граничните состојби на употребливост: контрола на напрегањата, пукнатините и деформациите - угибите. Под дејство на постојан долготраен товар, деформациите на елементот во тек на време постепено се зголемуваат при што може да достигнат неколку пати поголема вредност од почетната. Доколку температурата остане константна, прирастот на деформациите во тек на време се должи на собирањето и течењето на бетонот. Со цел да се утврди влијанието на различниот интензитет на долготрајниот постојан товар врз однесувањето на армиранобетонските елементи во тек на време, реализирана е експериментална програма која се состои од изработка и следење на осум армиранобетонски греди и соодветен број пробни тела во лабораториски простор со постојана амбиентална температура и влажност. Седум од гредите товарени се со различен интензитет на товар, при што кај шест од нив во разгледуваниот временски период се појавуваат пукнатини. На една од гредите не е нанесен товар и кај неа се следени само деформациите од собирање на бетонот. Преку експерименталната анализа добиена е слика за однесувањето на армиранобетонските елементи изложени на дејство на долготраен постојан товар со различен интензитет, како и за неговото влијание врз граничните состојби на употребливост. Исто така извршена е и споредба со резултатите добиени со современите аналитички модели во прописите и стандардите. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Методи за определување на динамичкиот коефициент од подвижните товари кај армиранобетонски мостови(Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен факултет Скопје, 2019-10) ;Јанев Дејан ;Аранѓеловски Тони ;Наков ДаркоМарковски ГоранДинамичкиот ефект од подвижните товари кај патните аб. мостови кој се користи при определување на големината на сообраќајните натоварувања најчесто се воведува преку т.н. динамички коефициент. Всушност тој покажува за колку пати се зголемуваат влијанијата добиени од статичкото дејство на товарот. Динамичкиот коефициент зависи од повеќе параметри: распонот на мостот, рапавоста на подлогата, тежината, бројот на оските и брзината на движење на возилата, нивната положба итн. Покрај наведените параметри, интензитетот на динамичкиот коефициент зависи и од применетите методи за негово определување. Предмет на истражување во овој труд е примената на различни методи за определување на динамичкиот коефициент. За таа цел, искористени се резултати од извршени динамички испитувања на мостови со пробно товарење на автопатот Миладиновци - Штип. Како релевантен, одбран е еден карактеристичен објект изработен од претходно напрегнат бетон, со статички систем проста греда и полумонтажен начин на градење. При испитувањето извршено е мерење на угиби преку кои е определен динамичкиот коефициент. За обработка и анализа на измерените сигнали користени се соодветни методи за нивна трансформација и филтрирање. Со обработените резултати извршена е анализа и споредба помеѓу определените вредности на динамичкиот коефициент. Овие анализи овозможуваат да се проучи влијанието од употребата на различна мерна техника и методи за определување на динамичкиот ефект од подвижните товари. Со тоа, направен е обид да се предложи со кои мерни инструменти и методи на определување на динамичкиот коефициент се добиваат поверодостојни резултати за вредноста на истиот. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Нумерички модел за анализа на граничните состојби на употребливост на армиранобетонски елементи(Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, 2015-10) ;Доцевска Марија ;Аранѓеловски Тони ;Марковски ГоранНаков ДаркоОсновната цел на овој труд е да се предложи нумерички модел за анализа на граничните состојби на употребливост на армиранобетонски елементи. Поради тоа, анализирани се армиранобетонски греди изложени на различни истории на товарење: краткотраен товар до лом, долготраен постојан товар и променлив товар нанесуван во циклуси на товарење/растоварување. За да се земе во предвид нелинеарното однесување на бетонот, моделот на фиксни пукнатини во повеќе правци е вклучен во анализата. Распоредот на пукнатините и угибот во средина на пресекот добиени нумерички се споредени со експериментални резултати, со цел да се верифицира точноста на предложениот модел.
