Faculty of Music

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/15

Browse

Search Results

Now showing 1 - 2 of 2
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во периодот 1960 - 1980 година
    (СОКОМ, 2018)
    Јовиќ, Тихомир
    Димче Николески (с. Косел, Охридско, 13.1.1943 - 2.4.1998, Скопје), музички новинар, публицист и композитор, е еден од генерацијата македонски композитори чие делување главно се одвива во седумдесеттите и осумдесеттите години од ХХ век. Неговото творештво е насочено првенствено кон жанровите на камерната музика. Во периодот 1960 - 1980 година опусот на Николески брои 36 жанровски разновидни дела. Целта на овој труд е да го образложи пристапот на авторот кон полифониот слог како принцип на организација на музичката материја. Конкретно, истражувањето ќе биде насочено кон утврдување на видот, начинот и обемот на употреба на полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во наведениот дваесетгодишен временски период. За оваа цел беше формиран корпус од достапните дела (партитури и снимки) од опусот на авторот.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Полифонијата во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година
    (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за Музичка Уметност, 2017-12-21)
    Тихомир Јовиќ
    Oваа дисертација го истражува видот, начинот и обемот на употреба на полифонијата во творештвото на популација од македонски композитори во дваесетгодишен временски период, конкретно од 196о до 1980 година. За оваа цел беше формиран корпус од достапните дела (партитури и снимки) од македонските автори. Исто така, во процесот на собирањето на податоците беа извршени и повеќе интервјуа со живите автори кои твореле во овој период. Собраните податоци беа внесени во дигитална база на податоци која овозможи натамошни квантитативни анализи на истражувачката материја. Нашите наоди ја потврдија основната хипотеза дека во делата на македонските композитори создадени во периодот 1960 - 1980 година се среќава честа примена на полифонија. Полифониот слог е применет првенствено како конструктивен композициско - технички принцип во рамките на дела кои не претставуваат полифони форми. Во тој контекст, во делата се јавуваат следните видови полифонија: имитациска полифонија (фугато, канонска обработка и сл.), неимитациска полифонија (слободни контрапункти) и комбинирана (имитациска и неимитациска) полифонија. Полифоните форми од типот: мотет, мадригал, корал, фуга, пасакалја, канон и сл. се поретко застапени.