Полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во периодот 1960 - 1980 година
Date Issued
2018
Author(s)
Јовиќ, Тихомир
Abstract
Димче Николески (с. Косел, Охридско, 13.1.1943 - 2.4.1998, Скопје), музички новинар, публицист и композитор, е еден од генерацијата македонски композитори чие делување главно се одвива во седумдесеттите и осумдесеттите години од ХХ век. Неговото творештво е насочено првенствено кон жанровите на камерната музика. Во периодот 1960 - 1980 година опусот на Николески брои 36 жанровски разновидни дела.
Целта на овој труд е да го образложи пристапот на авторот кон полифониот слог како принцип на организација на музичката материја. Конкретно, истражувањето ќе биде насочено кон утврдување на видот, начинот и обемот на употреба на полифонијата во творештвото на Димче Николески создадено во наведениот дваесетгодишен временски период. За оваа цел беше формиран корпус од достапните дела (партитури и снимки) од опусот на авторот.

Subjects