Faculty of Mechanical Engineering
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/13
Browse
14 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, АКТИВНА АДАПТИВНА КОНТРОЛА НА ВИБРАЦИИ НА КОНЗОЛА СО ПРИМЕНА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТЕН АКТУАТОР(УКИМ, Машински факултет-Скопје, 2016)Дејан ШишковскиЦел на истражувањето во магистерската работа е активна адаптивна контрола на вибрации на еластична механичка струкура во облик на конзола со примена на тензомерните ленти и електромагнетен актуатор. За таа цел се користени тензометарски ленти како сензор за мерење на вибродинамичката состојба на еластичната структура, електромагнетен актуатор како генератор на сила и адаптивен дигитален филтер како контролер за намалување на вибрациите. За остварување на целите, магистарската работа е поделена на вкупно седум глави. Глава 1 е воведна глава во која е претставен активниот систем, целите и придобивките од ова истражување. Во глава 2 претставени се основните појави на вибрации кај едноставни системи еден и два степени на слобода. Со примена на Ојлер Бернилиј теоремата за линиски носачи, изведен е аналитички модел на континуиран систем конзола, при што направена е компаративна анализа помеѓу добиените аналитички и експериментални резултати. Во глава 3 детално се обработени тензометарските ленти како сензор за мерење на вибродинамичката состојба на конзолата. Изведени се математичките релации помеѓу деформациите, напонските напрегања и поместувања на конзолата. Претставен е реализираниот мерен систем, начинот на засилување, филтрирање и конверзија на сигналот. Во глава 4 претставена е физичката појава на Лоренцовата сила и нејзините зависности. Детално е образложен експерименталниот реализиран електромагнетен актуатор и поставен е математичниот модел. Во глава 5 со примена на методологијата на идентификација на систем, изработен е математички модел на интегрираниот мехатронички систем. Во глава 6 извршена е негова симулација со примена на адаптивниот алгоритам LMS и дигиталниот филтер како контролер за намалување на вибрациите на еластичната структура-конзола, а потоа и негова имплементација на реален контролен од типот sbRIO. На крајот од оваа глава направена е компаративна анализа помеѓу добиените симулациони и експериметални резултати. Во глава 7 дадени се заклучоците од ова истражување и препораки за натамошни истрашувања во оваа област. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Сеопфатна валоризација на цврст отпад за енергетска примена како RDF и импликации врз околината преку емисијата на стакленички гасови(2025-11)Улер-Зефиќ, МоникаВо контекст на зголемената урбана експанзија и еколошките предизвици, справувањето со комуналниот цврст отпад станува сè поактуелно прашање. Овој докторски труд истражува можностите за енергетско искористување на комуналниот цврст отпад преку негово согорување, при што како студија на случај е земен градот Скопје. Истражувањето има за цел детална карактеризација на отпадот, идентификација на неговиот енергетски потенцијал, како и анализа на влијанието на согорувањето врз животната средина. Истражувачката методологија комбинира експериментални, аналитички и нумерички пристапи. Во лабораториски услови се утврдени физичките и хемиските својства на отпадот, како што се густина, влага, испарливи материи, пепел, топлинска моќ и присуство на јаглерод, водород, азот и сулфур. Овие параметри се клучни за проценка на ефикасноста на согорување и избор на соодветна технологија за конверзија во енергија. Истражувањето опфаќа анализа на четири сценарија: постојната состојба со депонирање на отпадот, отворено согорување, контролирано согорување во когенеративна постројка, и согорување во цементна печка. Секое сценарио е оценето според емисиите, остатоците и произведената енергија. Добиените податоци овозможуваат споредба на еколошката и енергетската ефективност на секој пристап, со фокус на идентификување на најодржливото решение за Скопје. Резултатите покажуваат дека комуналниот цврст отпад поседува значителен потенцијал за користење како алтернативно гориво, со можност за намалување на отпадот што се депонира, редукција на стакленички гасови и производство на обновлива енергија. Примената на методите во реални урбани услови овозможува развој на стратегии кои ги поддржуваат принципите на циркуларна економија и одржливо управување со ресурсите. Истражувањето има научен придонес преку применливоста на експерименталните методи и нумеричкото моделирање на комунален цврст отпад од различни урбани средини. Дополнително, резултатите имаат директна практична примена преку развој на процеси засновани на принципите на кружната економија и обезбедување конкретни насоки за интеграција на системи за добивање енергија од отпад во урбани средини. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Интелигентни транспортни системи за зголемена безбедност на патиштата во Република Македонија(Macedonian Association of Road Engineers, 2025-11) ;Дејан ШишковскиМарија Ѓошева КрстескиСовремените предизвици во патниот сообраќај и растечката потреба од зголемена безбедност, ефикасност и дигитална поврзаност ја позиционираат примената на интелигентни транспортни системи (ИТС) како клучна алатка во модерното управување со транспортната инфраструктура. Целта на овој труд е да ги истражи можностите и предизвиците за нивна имплементација во Република Македонија, со фокус на зголемување на безбедноста и подготовка за идни технолошки решенија. Методологијата се заснова на анализа на современите ИТС технологии и напредните системи за асистенција на возачот (ADAS), нивната интеграција преку кооперативни пораки (CAM и DENM), како и улогата на RSU единиците во C-ITS инфраструктурата. Преку компаративна анализа со европските практики се идентификувани институционалните, технолошките и регулаторните празнини, а се предлагаат пилот-проекти за нивно постепено унапредување, имплементација и подобрување на ИТС решенијата во насока на надминување на постојните празнини и усогласување со современите европски стандарди. Резултатите укажуваат дека ваквите иницијативи, во комбинација со континуирано унапредување и одржување на инфраструктурата, можат значително да придонесат за повисоко ниво на безбедност, поинтегриран транспортен систем и поголема подготвеност за интеграција на идни интелигентни технологии - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, РАЗВОЈ НА ХИБРИДЕН МУЛТИФИЗИЧКИ СИСТЕМ ЗА СОБИРАЊЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВИБРАЦИИ ЗА ИНТЕРНЕТ НА НЕШТАТА(Машински факултет - Скопје, 2025-12-15)Дејан ШишковскиЦелта на оваа докторска дисертација е развој и анализа на хибриден мултифизички систем за собирање електрична енергија од механички вибрации, составен од еластична конзолна структура интегрирана со пиезоелектричен и електромагнетен претворувач. Овој пристап ги комбинира предностите на двата механизми за конверзија на енергија, со цел зголемување на излезната моќност и проширување на работниот фреквентен опсег заради негова примена во системите за Интернет на нештата (IoT). Динамичкото моделирање и анализа на побудата на системот во различни работни услови се изведени со софтверскиот пакет MATLAB/Simulink. За анализа и оптимизација на физичките процеси на интегрираниот систем е применет COMSOL Multiphysics, базиран на методот на конечни елементи. Експерименталната верификација е реализирана со LabVIEW, кој е користен за аквизиција, обработка и анализа на мерените податоци. Системот е тестиран со побуда на електродинамички актуатор и на реална симулаторска машина со брзини на осцилации V(rms) 7 mm/s ±1 mm/s, амплитуди на осцилации од А(rms) ±50 µm, забрувања од 0.11 g - 0.22 g. Презентирани се резултати засебно за пиезоелектричниот претворувач и за електромагнетниот претворувач, како и за нивната комбинирана работа. Пиезоелектричниот претворувач постигна максимална излезна моќноста од 0.5 mW и 1.6 mW при оптимални оптоварувања од 106 kΩ и 37.7 kΩ, за фреквенции од 7.5 Hz и 52.5 Hz, соодветно. Електромагнетниот претворувач испорача до 1 mW и 5 mW за фреквенција 7.5 Hz и 46 Hz. Хибридниот систем, кој комбинира пиезоелектричен и електромагнетен претворувач, постигна максимална излезна моќноста од 1 mW и 5.1 mW за фреквенции од 7.5 Hz и 46 Hz. Добиените резултати потврдуваат дека предложениот хибриден систем обезбедува повисока ефикасност и поголема издржливост во споредба со поединечни претворувачи, што го прави погоден за напојување на автономни сензорски јазли во IoT апликации и други нискоенергетски електронски системи. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Влијание на конструктивните параметри врз опасноста од раздвојување на браниците за заштита од излетување на патиштата(Машински факултет - Скопје, 2015-04-24)Nikola AvramovСтраничната заштита со W-облик е најчесто користениот систем за безбедност на патиштата. За заштитата да функционира како што е предвидено, одлучувачка е нејзината компатибилност согласно одредбите. Стандардите го одредуваат максималното забавување во просторот за патници, доколку се разгледува возилото како и максимално дозволената деформација на одбојникот за одреден тип на удар. Ако сите параметри се во зададените граници и останати побарувања се задоволени, како дозволената деформација не смее да го надминува просторот позади одбојникот, деловите од заштитата не треба да бидат одвоени, да продрат во просторот за патници и сл., може да се каже дека одбојникот е безбеден за употреба. Конструиран е да ја апсорбира енергијата со деформација на оградата и потпорните столбови, кои го запираат и пренасочуваат возилото додека надолжните сегменти остануваат континуирани и во контакт со него. За да се обезбеди максимална заштита односно подобрување на постоечката многу е важно да се задржи континуитетот на сегментите на оградата. Поради тоа се јавува и потребата од анализа на елементите на врска односно навојните врски кои се оптоварени како резултат на деформацијата на оградата предизвикана од ударот. Со разгледување на начините на деформација се јавува можноста за конструктивни решенија кои би ги опфатиле елементите од врската и би се овозможила надежна врска за различни возни ситуации. Од друга страна и придобивката од можна оптимизација на веќе користените навојни врски, намалување на бројот на користени врски без да се наруши сигурноста која ја овозможуваат поради масовноста на користење на овие заштити допринесува за големината на погодностите што би се постигнале. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Energy modeling as a tool for energy development - Analysis of the Macedonian energy system(Здружение на енергетичарите на Македонија, 2022-09) ;Lazova, ElenaIn order to achieve a carbon-neutral and sustainable future, energy system modelling is one of the key tools for obtaining relevant indicators, based on which conclusions and recommendations are made. Energy modelling is developed over the second half of the twentieth century and yet there are a lot of challenges when implementing an effective energy transition plan. In this paper the software package EnergyPlan is applied for energy system modelling and the input parameters are used from the Macedonian energy system. In the model for the Macedonian energy system, several scenarios are analyzed in order to assess the potential for integration of renewable energy sources. As an evaluation parameter, the indicator Levelized Cost of Electricity was used. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Ергономија во насока на превенција од мускулоскелетни нарушувања(Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, 2020-10) ;Трајче ВелковскиЈасмина ЧалоскаЕвропската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) како дел од својата мисија спроведе серија кампањи насочени кон подобрување на работните места и намалување на ризиците по безбедноста и здравјето. Две од претходните кампањи на EU-OSHA се фокусираа на мускулоскелетни нарушувања (МСН), вклучително и првата кампања во 2000 година, под мотото „Свртете им го грбот на мускулоскелетните нарушувања“. Оваа прва кампања имаше посебен фокус на ефективното управување со ризиците од МСН, и ги вклучи сите земји-членки на ЕУ и земјите на EFTA. Втората кампања „Намалете го оптоварувањето“, во 2007 година се обиде да поттикне интегриран пристап на управување со овој проблем, нагласувајќи ја идејата дека засегнатите страни треба да работат заедно за да се справат со МСН. Покрај континуитетот во обезбедување материјали за поддршка во врска со намалувањето на ризикот, оваа втора кампања ја истакнува и важноста на управување со задржувањето, рехабилитацијата и враќањето на работата на оние кои страдаат или страдале од МСН. „Намалете го оптоварувањето“ е основната тема за Европската кампања на EU-OSHA во 2007 година која е целосно посветена на МСН. Преку двете кампањи EU-OSHA се обидува да ги поддржи сите засегнати страни во земјите-членки преку подготовка и дистрибуција на материјали за кампањата користејќи широк спектар на медиуми и пристапи. Дополнително сите земји од Европската унија кои сакаат да се вклучат во кампањата преку организација на настани и приклучување кон иницијативата на EU OSHA имаат отворена соработка и целосна поддршка. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ПОТЕНЦИЈАЛНИ РИЗИЦИ ОД УПОТРЕБАТА НА ТЕЧНИОТ НАФТЕН ГАС КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО КАЈ МОТОРНИТЕ ВОЗИЛАТА(2016) ;Vase Jordanoska ;Darko DanevAleksandar KostikjТечнипт нафтен гас (ТНГ) е најширпкп упптребуванп алтернативнп гпривп кај мптпрните впзила ппкрај бензинпт и дизелпт. ТНГ кпј вп пснпва е безбпен и е без мирис, е прпизвпд пд прпцеспт на рафинираое на други гприва. Негпвата упптреба се дплжи на дпбрите гпривни карактеристики и ниската цена на чинеое. Впзилата кпи гп кпристат ТНГ какп ппгпнскп гпривп се прпизведени сп систем за наппјуваое сп ТНГ или пак, се впзила сп бензински мптпри кпи ппстпрпдажнп имаат вграденп дппплнителен систем за наппјуваое сп ТНГ. Втприте се најчестп двпгпривни впзила, пднпснп имаат мпжнпст за префрлуваое пд еднп на другп гпривп вп текпт на експлпатацијата. Дп сега ппстпјат ппвеќе генерации на системи за наппјуваое сп ТНГ кај впзилата, кпи се развивале паралелнп сп развпјпт на технплпгијата кај бензинските мптпри. Гаспт за да биде вп течна спстпјба се складира при притиспци ппмеду 2.2 и 22 bar зависнп пд пднпспт на кпмппнентите вп негп. За да се запази безбеднпста, впзилата ппремени сп ТНГ системи, какп и самите системи за наппјуваое сп ТНГ се регулирани сп правилници на Екпнпмската кпмисија за Еврппа на Обединетите нации (UNECE). Вп трудпт се дадени ризиците кпи мпжат да прпизлезат пд упптребата на ТНГ системи кај впзилата, какп и причините кпи мпжат да дпведат дп ппјава на пдредени хаварии. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА СО КОРИСТЕЊЕ НА SKOPJE.PULSE ПЛАТФОРМАТА(OSH Priority, 2019-10) ;Maja Anachkova ;Simona DomazetovskaMarija Hadzi-NikolovaИнтензивната глобализација, драстичното зголемување на популацијата и промените во инфраструктурата во големите градови, во последните неколку години предизвикуваат голем број на еколошки проблеми и негативни промени во животната средина. Еден од најзагрижувачките проблеми кои се јавуваат во пренаселените и сообраќајно фреквентни метрополи е проблемот со зголеменото ниво на бучава кое во голема мера може да влијае врз здравјето на луѓето. Во град Скопје, нема воспоставено државна мрежа за континуиран мониторинг на нивото на бучава, oсвен неколку краткотрајни мерења спроведени од страна на државните институции. Во овој труд е презентирано решение за одржлив развој и мониторинг на бучавата во градот Скопје креирано и спроведено од софтверската компанија Netcetera, со цел 24-часовно следење на состојбата на нивото на бучава на повеќе мерни места во градот. Овој концепт се базира на принципот на „Интернет на нештата“, кој преку сензорска мрежа, Wi-Fi и LoRaWAN комуникациите собира податоци за нивото на бучава кои потоа се визуелизираат и следат онлајн на платформа наречена Скопје Пулс. Во трудот е даден преглед на слични софтверски решенија и начини за собирање податоци и следење на нивото на бучава од кои беа извлечени искуства за развој на Скопје Пулс, к ако и детално објаснување на платформата, сензорската мрежа и начинот на комуникација изразен и објаснет преку концептот на „Интернет на нештата“ кој беше искористен за развој на ова решение. Прикажани се и податоците добиени од сензорската мрежа за секој ден и час во текот на 2018 година, како и нивна анализа од која беа воочени критичните и најоптеретените месеци, денови и часови со зголемено ниво на бучава во градот Скопје. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Анализа за влијанието на бучавата во урбани средини(OSH Priority, 2019-10) ;Simona Domazetovska ;Maja Anachkova ;Marija Hadzi-Nikolova ;Dejan MirakovskiViktor Gavriloskiздравствени проблеми во урбаните средини, поради што неминовно се наметнува потребата од превземање на ефикасни мерки за намалување на нивото на бучава и заштита на здравјето на населението. Еден од основните здравствени проблеми кои ги предизвикува бучавата е вознемиреноста што доведува до нарушување на квалитетот на живеење. Скопје како голема урбана средина (агломерација) се соочува со сериозни проблеми предизвикани од бучавата во животната средина која е причина за разни здравствени проблеми. Ова истражување ја прикажува методологијата применета за анализа на влијанијето на бучавата во населбата Дебар Маало. Дебар Маало е населба во центарот на градот, опкружена со четири главни улици со голема фреквенција на сообраќај и луѓе. Во ова подрачје е спроведена анкета на 93 испитаници, кои живеат, работат или се посетители во населбата. Резултатите покажуваат дека бучавата има штетно влијание врз населението, поради што мора да се превземат мерки за намалување на нивото на бучава во урбаните средини. Оваа студија е основа за понатамошно истражување на штетните влијанија предизвикани од бучавата и изнаоѓање на мерки за нивно спречување и намалување.
