АКТИВНА АДАПТИВНА КОНТРОЛА НА ВИБРАЦИИ НА КОНЗОЛА СО ПРИМЕНА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТЕН АКТУАТОР
Date Issued
2016
Author(s)
Дејан Шишковски
Abstract
Цел на истражувањето во магистерската работа е активна адаптивна контрола на
вибрации на еластична механичка струкура во облик на конзола со примена на тензомерните ленти и електромагнетен актуатор. За таа цел се користени тензометарски ленти како сензор за мерење на вибродинамичката состојба на еластичната структура, електромагнетен актуатор како генератор на сила и адаптивен дигитален филтер како контролер за намалување на вибрациите. За остварување на целите, магистарската работа е поделена на вкупно седум глави.
Глава 1 е воведна глава во која е претставен активниот систем, целите и придобивките
од ова истражување. Во глава 2 претставени се основните појави на вибрации кај едноставни системи еден и два степени на слобода. Со примена на Ојлер Бернилиј теоремата за линиски носачи, изведен е аналитички модел на континуиран систем конзола, при што направена е компаративна анализа помеѓу добиените аналитички и експериментални резултати.
Во глава 3 детално се обработени тензометарските ленти како сензор за мерење на
вибродинамичката состојба на конзолата. Изведени се математичките релации помеѓу
деформациите, напонските напрегања и поместувања на конзолата. Претставен е
реализираниот мерен систем, начинот на засилување, филтрирање и конверзија на сигналот.
Во глава 4 претставена е физичката појава на Лоренцовата сила и нејзините зависности.
Детално е образложен експерименталниот реализиран електромагнетен актуатор и поставен е математичниот модел.
Во глава 5 со примена на методологијата на идентификација на систем, изработен е
математички модел на интегрираниот мехатронички систем. Во глава 6 извршена е негова
симулација со примена на адаптивниот алгоритам LMS и дигиталниот филтер како контролер за намалување на вибрациите на еластичната структура-конзола, а потоа и негова имплементација на реален контролен од типот sbRIO. На крајот од оваа глава направена е компаративна анализа помеѓу добиените симулациони и експериметални резултати.
Во глава 7 дадени се заклучоците од ова истражување и препораки за натамошни
истрашувања во оваа област.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Dejan_Shishkovski_Magisterska.pdf
Size
4.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2491dbdfbe291e5d63862c26f579e807