Faculty of Mechanical Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/13

Browse

Search Results

Now showing 1 - 10 of 16
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    АКТИВНА АДАПТИВНА КОНТРОЛА НА ВИБРАЦИИ НА КОНЗОЛА СО ПРИМЕНА НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТЕН АКТУАТОР
    (УКИМ, Машински факултет-Скопје, 2016)
    Дејан Шишковски
    Цел на истражувањето во магистерската работа е активна адаптивна контрола на вибрации на еластична механичка струкура во облик на конзола со примена на тензомерните ленти и електромагнетен актуатор. За таа цел се користени тензометарски ленти како сензор за мерење на вибродинамичката состојба на еластичната структура, електромагнетен актуатор како генератор на сила и адаптивен дигитален филтер како контролер за намалување на вибрациите. За остварување на целите, магистарската работа е поделена на вкупно седум глави. Глава 1 е воведна глава во која е претставен активниот систем, целите и придобивките од ова истражување. Во глава 2 претставени се основните појави на вибрации кај едноставни системи еден и два степени на слобода. Со примена на Ојлер Бернилиј теоремата за линиски носачи, изведен е аналитички модел на континуиран систем конзола, при што направена е компаративна анализа помеѓу добиените аналитички и експериментални резултати. Во глава 3 детално се обработени тензометарските ленти како сензор за мерење на вибродинамичката состојба на конзолата. Изведени се математичките релации помеѓу деформациите, напонските напрегања и поместувања на конзолата. Претставен е реализираниот мерен систем, начинот на засилување, филтрирање и конверзија на сигналот. Во глава 4 претставена е физичката појава на Лоренцовата сила и нејзините зависности. Детално е образложен експерименталниот реализиран електромагнетен актуатор и поставен е математичниот модел. Во глава 5 со примена на методологијата на идентификација на систем, изработен е математички модел на интегрираниот мехатронички систем. Во глава 6 извршена е негова симулација со примена на адаптивниот алгоритам LMS и дигиталниот филтер како контролер за намалување на вибрациите на еластичната структура-конзола, а потоа и негова имплементација на реален контролен од типот sbRIO. На крајот од оваа глава направена е компаративна анализа помеѓу добиените симулациони и експериметални резултати. Во глава 7 дадени се заклучоците од ова истражување и препораки за натамошни истрашувања во оваа област.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Влијание на конструктивните параметри врз опасноста од раздвојување на браниците за заштита од излетување на патиштата
    (Машински факултет - Скопје, 2015-04-24)
    Nikola Avramov
    Страничната заштита со W-облик е најчесто користениот систем за безбедност на патиштата. За заштитата да функционира како што е предвидено, одлучувачка е нејзината компатибилност согласно одредбите. Стандардите го одредуваат максималното забавување во просторот за патници, доколку се разгледува возилото како и максимално дозволената деформација на одбојникот за одреден тип на удар. Ако сите параметри се во зададените граници и останати побарувања се задоволени, како дозволената деформација не смее да го надминува просторот позади одбојникот, деловите од заштитата не треба да бидат одвоени, да продрат во просторот за патници и сл., може да се каже дека одбојникот е безбеден за употреба. Конструиран е да ја апсорбира енергијата со деформација на оградата и потпорните столбови, кои го запираат и пренасочуваат возилото додека надолжните сегменти остануваат континуирани и во контакт со него. За да се обезбеди максимална заштита односно подобрување на постоечката многу е важно да се задржи континуитетот на сегментите на оградата. Поради тоа се јавува и потребата од анализа на елементите на врска односно навојните врски кои се оптоварени како резултат на деформацијата на оградата предизвикана од ударот. Со разгледување на начините на деформација се јавува можноста за конструктивни решенија кои би ги опфатиле елементите од врската и би се овозможила надежна врска за различни возни ситуации. Од друга страна и придобивката од можна оптимизација на веќе користените навојни врски, намалување на бројот на користени врски без да се наруши сигурноста која ја овозможуваат поради масовноста на користење на овие заштити допринесува за големината на погодностите што би се постигнале.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ПОТЕНЦИЈАЛНИ РИЗИЦИ ОД УПОТРЕБАТА НА ТЕЧНИОТ НАФТЕН ГАС КАКО ПОГОНСКО ГОРИВО КАЈ МОТОРНИТЕ ВОЗИЛАТА
    (2016)
    Vase Jordanoska
    ;
    Darko Danev
    ;
    Aleksandar Kostikj
    Течнипт нафтен гас (ТНГ) е најширпкп упптребуванп алтернативнп гпривп кај мптпрните впзила ппкрај бензинпт и дизелпт. ТНГ кпј вп пснпва е безбпен и е без мирис, е прпизвпд пд прпцеспт на рафинираое на други гприва. Негпвата упптреба се дплжи на дпбрите гпривни карактеристики и ниската цена на чинеое. Впзилата кпи гп кпристат ТНГ какп ппгпнскп гпривп се прпизведени сп систем за наппјуваое сп ТНГ или пак, се впзила сп бензински мптпри кпи ппстпрпдажнп имаат вграденп дппплнителен систем за наппјуваое сп ТНГ. Втприте се најчестп двпгпривни впзила, пднпснп имаат мпжнпст за префрлуваое пд еднп на другп гпривп вп текпт на експлпатацијата. Дп сега ппстпјат ппвеќе генерации на системи за наппјуваое сп ТНГ кај впзилата, кпи се развивале паралелнп сп развпјпт на технплпгијата кај бензинските мптпри. Гаспт за да биде вп течна спстпјба се складира при притиспци ппмеду 2.2 и 22 bar зависнп пд пднпспт на кпмппнентите вп негп. За да се запази безбеднпста, впзилата ппремени сп ТНГ системи, какп и самите системи за наппјуваое сп ТНГ се регулирани сп правилници на Екпнпмската кпмисија за Еврппа на Обединетите нации (UNECE). Вп трудпт се дадени ризиците кпи мпжат да прпизлезат пд упптребата на ТНГ системи кај впзилата, какп и причините кпи мпжат да дпведат дп ппјава на пдредени хаварии.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Истражување на заварувањето со цврст Nd:YAG-ласер на аморфни кобалт легури во форма на фолии
    (1996-11-18)
    Добре Рунчев
    Истражувано е заварувањето со цврст ласер на аморфни фолии, метални стакла, легури на кобалт.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА СО КОРИСТЕЊЕ НА SKOPJE.PULSE ПЛАТФОРМАТА
    (OSH Priority, 2019-10)
    Maja Anachkova
    ;
    Simona Domazetovska
    ;
    Marija Hadzi-Nikolova
    Интензивната глобализација, драстичното зголемување на популацијата и промените во инфраструктурата во големите градови, во последните неколку години предизвикуваат голем број на еколошки проблеми и негативни промени во животната средина. Еден од најзагрижувачките проблеми кои се јавуваат во пренаселените и сообраќајно фреквентни метрополи е проблемот со зголеменото ниво на бучава кое во голема мера може да влијае врз здравјето на луѓето. Во град Скопје, нема воспоставено државна мрежа за континуиран мониторинг на нивото на бучава, oсвен неколку краткотрајни мерења спроведени од страна на државните институции. Во овој труд е презентирано решение за одржлив развој и мониторинг на бучавата во градот Скопје креирано и спроведено од софтверската компанија Netcetera, со цел 24-часовно следење на состојбата на нивото на бучава на повеќе мерни места во градот. Овој концепт се базира на принципот на „Интернет на нештата“, кој преку сензорска мрежа, Wi-Fi и LoRaWAN комуникациите собира податоци за нивото на бучава кои потоа се визуелизираат и следат онлајн на платформа наречена Скопје Пулс. Во трудот е даден преглед на слични софтверски решенија и начини за собирање податоци и следење на нивото на бучава од кои беа извлечени искуства за развој на Скопје Пулс, к ако и детално објаснување на платформата, сензорската мрежа и начинот на комуникација изразен и објаснет преку концептот на „Интернет на нештата“ кој беше искористен за развој на ова решение. Прикажани се и податоците добиени од сензорската мрежа за секој ден и час во текот на 2018 година, како и нивна анализа од која беа воочени критичните и најоптеретените месеци, денови и часови со зголемено ниво на бучава во градот Скопје.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Анализа за влијанието на бучавата во урбани средини
    (OSH Priority, 2019-10)
    Simona Domazetovska
    ;
    Maja Anachkova
    ;
    Marija Hadzi-Nikolova
    ;
    Dejan Mirakovski
    ;
    Viktor Gavriloski
    здравствени проблеми во урбаните средини, поради што неминовно се наметнува потребата од превземање на ефикасни мерки за намалување на нивото на бучава и заштита на здравјето на населението. Еден од основните здравствени проблеми кои ги предизвикува бучавата е вознемиреноста што доведува до нарушување на квалитетот на живеење. Скопје како голема урбана средина (агломерација) се соочува со сериозни проблеми предизвикани од бучавата во животната средина која е причина за разни здравствени проблеми. Ова истражување ја прикажува методологијата применета за анализа на влијанијето на бучавата во населбата Дебар Маало. Дебар Маало е населба во центарот на градот, опкружена со четири главни улици со голема фреквенција на сообраќај и луѓе. Во ова подрачје е спроведена анкета на 93 испитаници, кои живеат, работат или се посетители во населбата. Резултатите покажуваат дека бучавата има штетно влијание врз населението, поради што мора да се превземат мерки за намалување на нивото на бучава во урбаните средини. Оваа студија е основа за понатамошно истражување на штетните влијанија предизвикани од бучавата и изнаоѓање на мерки за нивно спречување и намалување.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Geometrical analysis and proof of the tangent line of evolvent tooth side on helicoidal gear
    (Faculty of Mechanical Engineering, University "Ss. Cyril and Methodius", Skopje, Macedonia, 1990)
    Napeska, Sofija
    ;
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Using of the dates and special files in the CAD systems
    (Faculty of Mechanical Engineering, University "Ss. Cyril and Methodius", Skopje, Macedonia, 1993)
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Software for presentation of the 4D objects
    (Faculty of Mechanical Engineering, University "Ss. Cyril and Methodius", Skopje, Macedonia, 1994)
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,