Hans Em Faculty of Forest Sciences, Landscape Architecture and Environmental Engineering

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/12

http://sf.ukim.edu.mk/en

Browse

Search Results

Now showing 1 - 4 of 4
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    ДИСТРИБУЦИЈА И ДИВЕРЗИТЕТ НА ПАТОГЕНИ ВИДОВИ PHYTOPHTHORA ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
    (УКИМ Шумарски факултет - Скопје, 2018)
    Ристески, М.
    Класата Oomycetes се состои од повеќе од 800 видови, паразити или сапрофити на почвени или акватски растенија или животни. Претставниците на родот Phytophthora се многу специфична група габолики микроорганизми и долго време не можеле да бидат соодветно систематизирани во т.н. „дрвото на животот“ а заради бројните сличности со габите во минатото биле класифицирани како габи. Според најновите истражувања, родот Phytophthora припаѓа во царството Chromista, група Stramenopiles, супер-група во рамките на „SAR“ (Stramenopiles, Alveolata и Rhizaria). Сознанијата за девастирачкиот потенцијал на видовите од родот Phytophthora како и недостатокот на релевантни истражувања и податоци за територијата на Република Македонија ги поттикнаа следните главни цели на истражување: опсервација на здравствена состојба на шумите, шумските насади и расадници, како и земјоделските (овошни) насади во однос на видовите Phytophthora; колектирање на теренски примероци со симптоми и изолација на чисти култури кои припаѓаат на родот Phytophthora; идентификација на културите со морфолошки и молекуларни методи; оценка на патогеност и изработка на карта на распространетост на детерминираните видови Phytophthora на територијата на Република Македонија. Во овој труд презентирано е темелно истражување во кое е извршена оценка на здравствената состојба на шумските и земјоделските екосистеми во однос на фитопатогените организми од родот Phytophthora. Користени се класични и модерни, морфолошки и молекуларни методи, во повеќе лаборатории во Република Македонија и во странство. Презентирани се добиените резултати со соодветна дискусија и предлог мерки за заштита. Во периодот од 2010 до 2017 година беше извршена теренска опсервација за присуство на симптоми карактеристични за видовите од родот Phytophthora. Опсервирани беа 36 локалитети во шумски екосистеми, од кои 21 природен или вештачки подигнат насад, 9 расадници во сопственост на ЈП „Македонски шуми“ и 6 приватни расадници, додека во земјоделски екосистеми опсервирани беа 17 насади во приватна сопственост. Вкупнио беа опфатени 44 видови растенија домаќини. Колектирани беа вкупно 298 примероци почва, корења и некротирано растително ткиво, од кои 205 примероци од шумски екосистеми и 93 примероци од земјоделски екосистеми. Од вкупниот број колектираните примероци од шумски екосистеми 79% беа со симптоматско потекло, додека од земјоделски екосистеми 80% беа со симптоматско потекло. Без разлика на бројот на колектирани примероци, процентот на колектирани симптоматски примероци беше со ист тренд. За секој колектиран примерок почва или растителен материјал беа регистрирани податоци за име на локалитет, ГПС координати, вид на растение домаќин со латински назив, проценета старост на растение, присуство или отсуство на симптоми, како и информација за педолошки профил. Користени беа неколку методи за изолација на чисти култури, притоа најкористен беше метод на мамка со живи листови, селективни хранливи подлоги PARPNH и CARP+, и хранливи подлоги за одгледување ПДА, МЕА и V8 агар. Од вкупниот број колектирани теренски примероци за анализа, 17% од шумски екосистеми и 33% од земјоделски екосистеми резултирале со изолација на најмалку една култура за понатамошна анализа. Анализирано и документирано беше присуството на следните морфолошки карактеристики: морфологија на култура, вредности за дневен пораст, присуство или отсуство на плодни тела од полово (ооспори, антеридии и оогонии) и вегетативно потекло (хламидоспори, хифални задебелувања (swellings) и украси на хифите). За 240 култури изолирани беа примероци ДНК, истите беа подложени на полимеражна верижна реакција со универзални молекуларни прајмери за видовите од родот Phytophthora (ITS4 и ITS6) за да на крај бидат секвенционирани. Добиените ДНА секвенци, беа софтверски и мануелно едитирани и споредени со оние во официјалната онлајн датабаза на Phytophthora видовите. Беа детектирани 49 секвенци кои припаѓаа на 10 видови Phytophthora и тоа: P. cinnamomi (1), P. cambivora (1), P. cactorum (18), P. plurivora (12), P. gonapodyides (1), P. colocasiae (7), P. megasperma (2), P. rosacearum (1), P. inundata (2), P. taxon Walnut (4). За сите детектирани видови Phytophora ова е прв наод за Република Македонија. Беа направени филогенетски анализи со помош на алатката ClastalW multiple alignement на BioEdit Sequence Alignment Editor софтверот, сите 49 секвенци беа порамнети и тоа во должина од 896 базни парови, а ги содржеа ITS1 регионот, 5.8S генот и ITS2 регионот. Најголемо варирање беше регистрирано помеѓу секвеницте во регионите ITS1 и ITS2, што и беше очекувано а заради различноста помеѓу видовите. Според изработениот матрикс за процена на еволуционите разлики помеѓу видовите, забележани беа очекувани еволуциони разлики помеѓу различните видови Phytophthora, но забележани беа еволуциони разлики и помеѓу изолати на исти видови Phytophthora а кои се изолирани од различни екосистеми или растенија домаќини. За претставници изолати за 7 од вкупниот број детектирани видови Phytophthora (P. cactorum, P. cambivora, P. cinnamomi, P. plurivora, P. colocasiae, P. inundata и P. taxon Walnut) тестирана беше патогеноста кон дормантни питом костенови стапчиња (како потенцијален домаќин за секој од тестираните видови). Притоа за два различни дијаметри на костеновите стапчиња од 5-10 mm и 10-15 mm, беа добиени лезии со должина од 1,6 cm до 5,9 cm. Според вредностите за должината на предизвиканите лезии, најпатоген вид кон костеновите стапчиња беше видот P. cactorum додека најмалку патоген беше видот P. inundata. Според резултатите и согледувањата беа предложени превентивни мерки како и мерки за заштита од овие организми, при што акцентот беше ставен на потребата од постојани слични истражувања заради откривање на нови потенцијално патогени видови Phytophthora во Република Македонија, почести и поригорозни фитосанитарни прегледи а инспекциските служби а особено при увоз на растителен материјал, и спроведување на тестови за патогеност на видовите Phytophthora кон економски најзначајните (земјоделски и шумарски) растителни видови за Република Македонија. Клучни зборови: габолики организми, Phytophthora spp., морфолошки и молекуларни карактеристики, изолација, идентификација, ДНК, ITS секвенционирање, патогеност.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Контрола на Pythium spp. кај доматот и пиперката со употреба на нови фунгицидни активни материи
    (2012)
    Русевски, Р.
    ;
    Кузмановска, Б.
    ;
    Банџо, К.
    ;
    Ристески, М.
    Извадок Целта на испитувањето беше да се испита ефикасноста на фунгицидите ENERVIN и ORVEGO во уништување на Pythium spp. - причинителот на полегнување (топење) на расадот. Опитот беше поставен на семе и расад од домат и од пиперка на две локации: во Скопје и во с. Добрејци, Струмичко. Во текот на 2011 година, опитот беше изведен во три варијанти за секој од испитуваните фунгициди, кај секоја култура. Во текот на испитувањето, фунгицидите ENERVIN и ORVEGO употребени во испитуваните дози покажаа максимална ефикасност (100%) во контролата на Pythium spp. Испитуваните фунгициди претставуваат исклучително ефикасни превентивни препарати со силно стопирачко дејствување врз развојот на причинителот на полегнувањето (топењето) на расадот. Клучни зборови: Pythium spp., расад, ENERVIN, ORVEGO, ефикасност
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Уништување на Uncinula necator -причинител на пепелница на лозата со примена на активната материја Proquinazid
    (Здружение за заштита на растенијата на Р.М., 2012)
    Русевски, Р.
    ;
    Кузмановска, Б.
    ;
    Банџо, К.
    ;
    Ристески, М.
    Целта на испитувањето беше да се испита ефикасноста на препаратот TALENDO® во уништувањето на Uncinula necator - причинител на пепелницата кај лозата. Опитот беше поставен во три варијанти во лозови насади на два локалитета: во Бутел, Скопско и во реонот на Велес, во текот на 2011 година. Во текот на испитувањето, фунгицидот TALENDO®, употребен во испитуваната концентрација од 0,025%, покажа висока ефикасност од 93,7% во Скопско и 94,5% во реонот на Велес, во услови кога индексот на заболување во контролата изнесуваше 81%, односно 78,8%. Фунгицидот TALENDO® претставува исклучително ефикасен превентивен препарат со силно стопирачко дејствување во уништување на причинителотна пепелницата кај лозата. Клучни зборови: Uncinula necator, пепелница кај виновата лоза, TALENDO®, винова лоза, ефикасност.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Биолошка контрола на Pythium spp. во расад од пиперка со Trichoderma harzianum T22
    (Здружение за заштита на растенијата на Р.М., 2012)
    Кузмановска, Б.
    ;
    Русевски, Р.
    ;
    Банџо, К.
    ;
    Ристески, М.
    Извадок Во текот на 2011 година беше испитана ефикасноста на биофунгицидот Trianum-Р во контролата на Pythium spp., причинителот на полегнувањето (топењето) на расадот кај пиперката. Опитот беше поставен во саксии, во строго контролирани лабораториски услови при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Во опитот беа вклучени 3 варијанти, од кои првата беше третирана со биофунгицидот Trianum-P, втората со стандарден фунгицид - Previcur, додека третата варијанта беше нетретирана и се користеше како контрола. Биофунгицидот Trianum-P покажа ис- клучително висока ефикасност (88,5%) во контролата на Pythium spp. кај пиперката. Клучни зборови: биолошка контрола, Pythium spp., T. harzianum, пиперка, расад.
© 1947–2026 UKiM Hans Em Faculty of Forest Sciences, Landscape Architecture and Environmental Engineering.