Трудот се осврнува на конструктивните целини, лексиката, граматиката,
карактеристиките и својствата на математичкиот јазик. Илустрирани ќе бидат сличностите и
различностите со македонскиот јазик, односно говорниот јазик. Посочена е неизбежната
врска на математичкиот јазик со говорниот јазик и значењето при формулација на задачите
во образованието по математика. Дадени се примери на непрецизни формулации на
математички задачи, како и предлози за нивно правилно формулирање. /