Faculty of Medicine

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/14

Browse

Search Results

Now showing 1 - 3 of 3
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Инфекции-промовирачко или протективно дејство врз појавата на алергиска сензибилизација
    (Македонско лекарско друштво = Macedonian medical association, 2001)
    ;
    Hristova, Marija
    ;
    Nikolovski, Ljupco
    ;
    Sazdovski, Angelce
    ;
    Seckova, Lidija
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Преваленција и фактори на ризик асоцирани со астма, поленска треска и егзема кај школски деца во Република Македонија
    (Македонско лекарско друштво = Macedonian medical association, 2007)
    ;
    ;
    Seckova, Lidija
    ;
    ;
    За утврдување и компарирање на преваленцијата на астма, поленска треска, егзема и ризик-фактори асоцирани со нив, анализирани се самореферираните податоци од 5507 школски деца од 8 градови во Р. Македонија добиени преку ISAAC фаза 3 прашалниците. Податоците се статистички анализирани со chi-квадрат тест. Генерално во Македонија, во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, источна Македонија, е утврдена превеланција за wheezing во последните 12 мес. од 7,0%, 7,2%, 12,0%, 5,0%, 5,9%, 5,6% и за дијагностицирана астма од 1,8%, 2,1%, 1,5%, 2,1%, 2,1%, 1,1%; за риноконјуктивитис во последните 12 мес. од 9,4%, 9,5%, 11,6%, 9,5%, 7,6%, 8,9% и за дијагностицирана поленска треска од 6,3%, 4,4%, 4,9%, 7,4%, 8,2%, 6,4%; за исип со чешање во последните 12 мес. од 4,4%, 3,4, 6,4%, 4,2%, 4,7%, 3,6% и за дијагностицирана егзема од 3,4%, 2,6%, 0,7%, 3,1%, 7,6%, 3,0%. Највисоката преваленција на сите симптоми и тежината на астмата и егземата во Велес би можела да се должи на често конзумирање брза храна и парацетамол и на слаба физичка активност. При компарација на интернационално ниво, Македонија има умерено ниска преваленција на симптоми на астма и поленска треска и ниска преваленција на симптоми на егзема со можност за субдијагностицираност на овие болести.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Динамика на преваленцијата на астма кај млади адолесценти во 4-годишен временски интервал во Скопје
    (Македонско лекарско друштво = Macedonian medica association, 2008)
    ;
    ;
    ;
    Seckova, Lidija
    ;
    Kimovska, Mica
    Вовед. Испитување на динамиката на преваленцијата на астма и симптомите на астма во 4-годишен временски интервал кај млади адолесценти од Скопје. Методи. Анализирани се самореферираните податоци од прашалникот за астма на Интернационалната студија за астма и алергии во детството-фаза 3, од 3026 испитаници во 2002 год. и 1088 испитаници во 2006 год. од Скопје. За споредување на преваленцијата на астма и симптомите на астма е користен тестот chi-квадрат. Резултати. Во 2006 год. наспроти 2002 год. е утврдена сигнификантно пониска преваленција за wheezing (W) кога и да било (15,3% наспроти 18,4%), W-асоциран со напор во последните 12 месеци (7,9% наспроти 14,2%), сува ноќна кашлица во отсуство на белодробна инфекција во последните 2 месеци (13,6% наспроти 16,5%) и несигнификантно пониска преваленција на W во последните 12 месеци. (7,2% наспроти 8,8%). Обратно, за тежок W во последните 12 месеци и дијагностицирана астма е добиена несигнификантно повисока преваленција во 2006 наспроти 2002 год. Преваленцијата на користење на инхалациски кортикостероиди во однос на дијагностицирана астма кога и да било беше сигнификантно повисока во испитувањето во 2006 год. (3,6% наспроти 2,1%). Само 25,6% од испитаниците кои користеле инхалациски кортикостероиди имале дијагноза на астма.