Iustinianus Primus Faculty of Law
Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22
Browse
4 results
Search Results
- Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Поврзување на периферните вагони кон локомотивата на јадрото на евро зоната: Невозможна мисија?(Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, 2016-05) ;Aleksandar Stojkov ;Igor VelickovskiIvana Rajkovic - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Децентрализацијата и локалните економски реформи во државите на Југоисточна Европа(2015-09-16) ;Aleksandra MaksimovskaAleksandar StojkovВо 2015 година регионот веќе чекори во т.н. пост-децентрализациска деценија, имајќи ги предвид севкупните административни, политички, јавно-финансиски и социјални димензии. Во овој период се забележува тренд на намалување на брзината на децентрализациските процеси, првенствено како последица на претходниот секавично брз наплив на широк опсег на реформи. Истовремено, искуствата во многу држави од регионот укажуваат на позитивна корелација со локалниот и националниот економски развој. Оттука, се наметнуваат повеќе круцијални прашања: со каква динамика да се превземаат чекорите за довршување на започнатите реформи; дали овие процеси носат нови предизвици поврзани со поголема поделба по економски и/или етнички основи. Трудот има за цел да даде нови видувања на целокупната состојба, преку анализа на причините кои ја предизвикаа децентрализацијата во Југоисточна Европа, елаборација на спроведената децентрализациска реформа и користите од новиот систем на локално (финансиско) управување и формулирање на препораки за иднината на децентрализацијата во контекст на економски развојот во регионот на Југоисточна Европа. Во географски контекст, трудот се фокусира на следните држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора. - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Интертемпорален пристап кон тековната сметка на билансот на плаќања: Препораки за Република Македонија(Iustinianus Primus Law Faculty, 2016-06-01)Aleksandar Stojkov - Some of the metrics are blocked by yourconsent settings
Item type:Publication, Индустриската структура, индустриската политика и економскиот растеж на Република Македонија(Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), 2019-03-08)Aleksandar StojkovИако формално преточена во официјални документи, индустриската политика на Република Македонија се практикуваше со различни брзини, дерогирана од бројни ad hoc мерки, со отежната меѓуинституционална координација и скромни еколошки амбиции. Дури и правилно дефинираните стратегиски приоритети тешко се операционализираа со задоволителна имплементација. Финансиската поддршка на истражувањето, развојот и политиката на иновации дури неодамна влегоа во фокусот на владините политики. Корпоративниот сектор веќе алармира за сериозни тесни грла на пазарот на работна сила, кои се јавуваат поради структурната неусогласеност на понудата и побарувачката. Квалитетот на човечкиот капитал, како исклучително важен фактор на економскиот растеж, е оставен на маргините на приоритетите како срамен пример на пазарен и државен неуспех. Доколку се продолжи со сегашните политики, конкурентската предност на домашните компании ќе се ограничи на ранливите трудоинтензивни дејности, кои почиваат на ниски работни квалификации и генерираат мала додадена вредност. Подобрувањето на ефикасноста на индустриската политика зависи од симултаниот успех на многу фронтови. Структурата на македонската индустрија минува низ сериозна трансформација. Преструктуирањето на индустриите во залез и поддршката на технолошки напредните индустрии на долг рок треба да ја намали зависноста од традиционалните индустрии, кои се или неефикасни, или пак, исклучително сензитивни на ценовните осцилации на меѓународните пазари. Модернизирањето на нормативната рамка за алтернативните финансиски инструменти за микро, малите и средните претпријатија треба да го компензира отежнатиот пристап до банкарските кредити. Правната сигурност и стабилност – пред сѐ, на даночното законодавство – треба да придонесат за попредвидлив деловен амбиент барем на среден рок. Финансиската поддршка за иновациите и технолошкиот развој треба да биде редизајнирана и зајакната, преку поголема алокација на буџетски ресурси и зголемена транспарентност и отчетност. Потребна е натамошна приватизација и дерегулација на несуштински сегменти од јавниот сектор. Традиционалните или основните инфраструктури се сѐ уште копнеж на многу рурални, дури и урбани средини. Потребна е и сериозна политичка волја за драстично редуцирање на коруптивните практики во јавните набавки, кои им даваат нерамноправна предност на неефикасните фирми. Чистите технологии и заштитата на животната средина треба да бидат посебен фокус на индустриската политика. Успехот на индустриската политика и забрзувањето на економскиот растеж се можни само со значително подигнување на капацитетот на институциите.
