Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Journal Articles
  4. Индустриската структура, индустриската политика и економскиот растеж на Република Македонија
Details

Индустриската структура, индустриската политика и економскиот растеж на Република Македонија

Date Issued
2019-03-08
Author(s)
Aleksandar Stojkov
Abstract
Иако формално преточена во официјални документи, индустриската политика на Република Македонија се практикуваше со различни брзини, дерогирана од бројни ad hoc мерки, со отежната меѓуинституционална координација и скромни еколошки амбиции. Дури и правилно дефинираните стратегиски приоритети тешко се операционализираа со задоволителна имплементација. Финансиската поддршка на истражувањето, развојот и политиката на иновации дури неодамна влегоа во фокусот на владините политики. Корпоративниот сектор веќе алармира за сериозни тесни грла на пазарот на работна сила, кои се јавуваат поради структурната неусогласеност на понудата и побарувачката. Квалитетот на човечкиот капитал, како исклучително важен фактор на економскиот растеж, е оставен на маргините на приоритетите како срамен пример на пазарен и државен неуспех. Доколку се продолжи со сегашните политики, конкурентската предност на домашните компании ќе се ограничи на ранливите трудоинтензивни дејности, кои почиваат на ниски работни квалификации и генерираат мала додадена вредност.

Подобрувањето на ефикасноста на индустриската политика зависи од симултаниот успех на многу фронтови. Структурата на македонската индустрија минува низ сериозна трансформација. Преструктуирањето на индустриите во залез и поддршката на технолошки напредните индустрии на долг рок треба да ја намали зависноста од традиционалните индустрии, кои се или неефикасни, или пак, исклучително сензитивни на ценовните осцилации на меѓународните пазари. Модернизирањето на нормативната рамка за алтернативните финансиски инструменти за микро, малите и средните претпријатија треба да го компензира отежнатиот пристап до банкарските кредити. Правната сигурност и стабилност – пред сѐ, на даночното законодавство – треба да придонесат за попредвидлив деловен амбиент барем на среден рок. Финансиската поддршка за иновациите и технолошкиот развој треба да биде редизајнирана и зајакната, преку поголема алокација на буџетски ресурси и зголемена транспарентност и отчетност. Потребна е натамошна приватизација и дерегулација на несуштински сегменти од јавниот сектор. Традиционалните или основните инфраструктури се сѐ уште копнеж на многу рурални, дури и урбани средини. Потребна е и сериозна политичка волја за драстично редуцирање на коруптивните практики во јавните набавки, кои им даваат нерамноправна предност на неефикасните фирми. Чистите технологии и заштитата на животната средина треба да бидат посебен фокус на индустриската политика. Успехот на индустриската политика и забрзувањето на економскиот растеж се можни само со значително подигнување на капацитетот на институциите.
Subjects

индустриска политика;...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Stojkov 2018 Industriska politika, industriska struktura i ekonomski rastez.pdf

Size

2.93 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):cf1a2c5c7348c9636c341bc6ab407622

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify