Iustinianus Primus Faculty of Law

Permanent URI for this communityhttps://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/22

Browse

Search Results

Now showing 1 - 10 of 13
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО УСЛОВИ НА ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД-19
    (Здружение за Трудово и Социјално Право на Северна Македонија, 2021-01)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и нејзините импликации во сферата на работните односи – мерки на „прва помош” за заштита на работниците од посебно ранливите групи
    (Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, 2020)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
    Во периодот од усвојувањето на првите времени мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот COVID-19 во почетокот на месец март до денес, практиката покажа дека правната положба, сигурноста на работниот однос и приходите на одредени категории работници се под посебна закана и затоа е нужно да се преземат одредени, интервентни мерки во насока на превенција и ублажување на негативните здравствени, економски и социјални последици врз нив. Групата ги вклучува, но не се ограничува на следните категории работници: трите категории работници опфатени со времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот COVID-19 од 10 март 2020 (еден од работниците-родители на малолетни деца со навршена возраст до 10 години за кои е неопходна грижа; бремените жени и хронично болните лица), работничките на продолжено платено отсуство поради бременост, раѓање и родителство, работниците сместени во карантин или самоизолација, работниците кои се соочуваат со спогодбено раскинување на договорот за вработување (или т.н. бланко отказ од страна на работодавачот), работниците со договори за привремено вработување (работници вработени на определено време, сезонски работници и привремени агенциски работници) и други. Дел од овие работници (поточно, трите категории работници опфатени со времените мерки за заштита и работничките кориснички на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство), беа опфатени и со Уредбите со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (Сл.весник на РСМ, бр. 90 од 04.04.2020) и за примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РСМ, бр. 95 од 08.04.2020). Сепак, постоечките правни прописи со кои се уредува правната положба на овие категории работници се нејасни, нецелосни, а по одредени прашања и со сериозни индиции за повреда на уставно загарантирани права.Авторите на овој труд ги детектираат постоечките правни проблеми со кои се соочуваат претходно споменатите категории работници и предлагаат соодветни решенија за исправање на правните грешки и пополнување на правните празнини.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА COVID-19 – КРИТИЧКИ ОСВРТ КОН МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА
    (IURIDICA PRIMA Институт за правно економски истражувања и едукација, 2021)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
    Во услови на здравствено-економска криза предизвикана од COVID-19, Северна Македонија, првенствено е исправена пред главниот предизвик за заштита на населението од ширење и превенција од вирусот, а потоа и пред предизвикот за одржување на ликвидноста на стопанството и заштитата на работниците од губење на нивното вработување и приходи од работата. Одговорите на погоре споменатите предизвици во сферата на работните односи се состоеја во усвојување и примена на мерки насочени кон заштитата на здравјето и безбедноста на работниците при работа, заштитата на сигурноста на работниот однос и заштитата на приходите од вработувањето. За времетраење на пандемијата, значајна примена во практиката имаат неколку одредби од постоечкото работно законодавство преку кои доаѓаат до израз темпоралната, финансиската и функционалната флексибилност. Помеѓу нив, авторите на овој труд посебно се задржуваат на правната интерпретација на одредбите со кои се регулира прекинот на работата (т.н. привремено принудно платено отсуство од работа), а чија примена предизвикува дилеми во стручната и пошироката општествена јавност. Дополнително, авторите се осврнуваат и кон работата на далечина кoја и покрај тоа што е една од најзначајните мерки применливи во услови на COVID-19 воопшто не е регулирана во постоечкото работно законодавство.Покрај примената на мерки кои произлегуваат од постоечкото работно законодавство, авторите ги анализираат и посебните мерки усвоени за времетраење на пандемијата со кои се уредува правната положба на поединечни категории на посебно ранливи работници (бремени жени, хронично болни работници, работници со родителски обврски, нестандардни работници и сл).
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    БИНАРНИОТ МОДЕЛ НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И KРИТЕРИУМИТЕ ЗА РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО
    (УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ – СКОПЈЕ, 2021)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Заштита на работниците во случај на отказ од деловни причини и колективни отпуштања (состојби и перспективи во македонскиот трудово-правен систем)
    (IURIDICA PRIMA - Institute for Legal - Economic Research and Education, 2018)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
    Во услови на променливи економски околности, глобален стремеж за поголема конкурентност на работодавачите и зачестени притисоци за флексибилизација на пазарите на труд, работниците се соочуваат со сериозни предизвици за заштита на нивното вработување од отказ поради деловни причини и колективни отпуштања. Авторите, во трудот даваат осврт кон правниот режим, постоечките состојби, трендовите и развојот на индивидуалните и колективните отпуштања поради деловни причини во рамките на македонскиот трудовоправен систем. Отказот на договорот за вработување поради деловни причини се анализира низ призмата на управувачките прерогативи на работодавачот (т.е. степенот на судската контрола врз законитоста на одлуките за отказ), непосредниот повод кој води до престанок на работниот однос, потенцијалните можности за продолжување на работниот однос и слично. Колективните отпуштања, како подвид на откази поради деловни причини, пред сé, се анализираат низ призмата на нивната не (усогласеност) со трудовото право на ЕУ. Во таа насока, авторите се осврнуваат кон: поимното определување и опсегот на колективните отпуштања, постапката за информирање и консултирање на претставниците на работниците и постапката за известување на јавните власти.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Работно-Правен Статус и Прекарна Положба на Новинарите и Медиумските Работници во Република Македонија
    (Правен факултет „Јустинијан Први" во Скопје, 2016)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
    Заштитата на правната положба на работниците во современите односи по повод и во врска со трудот, произлегува од нивниот работно-правен статус. Во трудот, авторите го анализираат работно-правниот статус на новинарите и медиумските работници во Република Македонија, осврнувајќи се кон нивната прекарна положба и последиците од неа. Тие прават продлабочена анализа на прописите со кои се уредуваат основните трудовоправни поими („работник", „самовработен", „работен однос") во функција на разграничување на „вистинските" од „симулираните" договори за вработување. Во таа насока, во трудот се акцентира негативната практика на ангажирање на новинари и медиумски работници со граѓански договори наместо со договори за вработување, при што, голем дел од овие лица се исклучени од примената на основните права кои произлегуваат од корпусот на трудовото и социјалното законодавство. Конечно, авторите нудат и определени методи на разрешување на ваквата негативна појава.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Пристојна Работа и Правна Положба на Куќните Помошници
    (JURIDICA - Association for Legal-Economic Research and Education, 2015)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
    Концептот „пристојна работа” и неговото регулирање, започнуваат да се појавуваат како основни подрачја кон кои е насочена нормативната активност на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Пристојната работа се сведува на четири основни компоненти кои се нераздвојлив дел од секој работен однос: примена на загарантираните права од работен однос, создавање услови и можности за вработување, соодветна социјална заштита и социјален дијалог. Tрадицијата, природата на работата и правната положба на куќните помошници, ја карактеризираaт оваа група работници како една од најранливите категории. МОТ, со усвојувањето на Конвенцијата за куќни помошници, 2011 (бр. 189) и Препораката за куќни помошници, 2011 (бр. 201), воспоставува нова димензија во регулирањето на условите за работа на куќните помошници. Работните односи на куќните помошници се почесто се нормираат и од страна на националните работни законодавства. Пристојната работа на куќните помошници, произлегува од начинот на регулирање и имплементација на пристојните услови за работа на оваа категорија работници. Во рамките на условите за работа, пристојната работа на куќните помошници се поврзува со пристојно плаќање и регулирано работно време.
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Договорната Забрана за Конкурентско Дејствување (Конкурентска Клаузула) во Договорот за Вработување
    (Здружение на правниците на Република Македонија, 2017)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Работно-Семеен Баланс во Законодавството на Република Македонија
    (Здружение на правниците на Република Македонија, 2016)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ристовски Александар
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    Заштита на Правата на Вработените во Случај на Промена на Работодавачот во Република Македонија и Република Србија (Компаративна Анализа)
    (Здружение на правниците на Република Македонија, 2017)
    Каламатиев Тодор
    ;
    Ковачевиќ Љубинка
    ;
    Ристовски Александар