РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА COVID-19 – КРИТИЧКИ ОСВРТ КОН МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА
Date Issued
2021
Author(s)
Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Abstract
Во услови на здравствено-економска криза предизвикана
од COVID-19, Северна Македонија, првенствено е исправена пред
главниот предизвик за заштита на населението од ширење и
превенција од вирусот, а потоа и пред предизвикот за одржување
на ликвидноста на стопанството и заштитата на работниците од
губење на нивното вработување и приходи од работата. Одговорите
на погоре споменатите предизвици во сферата на работните односи
се состоеја во усвојување и примена на мерки насочени кон заштитата
на здравјето и безбедноста на работниците при работа, заштитата
на сигурноста на работниот однос и заштитата на приходите од
вработувањето. За времетраење на пандемијата, значајна примена
во практиката имаат неколку одредби од постоечкото работно
законодавство преку кои доаѓаат до израз темпоралната, финансиската
и функционалната флексибилност. Помеѓу нив, авторите на овој труд
посебно се задржуваат на правната интерпретација на одредбите
со кои се регулира прекинот на работата (т.н. привремено принудно
платено отсуство од работа), а чија примена предизвикува дилеми
во стручната и пошироката општествена јавност. Дополнително,
авторите се осврнуваат и кон работата на далечина кoја и покрај тоа
што е една од најзначајните мерки применливи во услови на COVID-19
воопшто не е регулирана во постоечкото работно законодавство.Покрај примената на мерки кои произлегуваат од постоечкото
работно законодавство, авторите ги анализираат и посебните мерки
усвоени за времетраење на пандемијата со кои се уредува правната
положба на поединечни категории на посебно ранливи работници
(бремени жени, хронично болни работници, работници со родителски
обврски, нестандардни работници и сл).

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Juridika Prima 2022.pdf
Size
498.14 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a8af5ae871b249dfe878527075d93379