Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции
  4. Современи пристапи во процесот на поучување на учениците со посебни образовни потреби
Details

Современи пристапи во процесот на поучување на учениците со посебни образовни потреби

Date Issued
2012
Author(s)
Abstract
Еден од позначајните аспекти на мисијата на основното образование ce однесува на образование кое ги почитува и развива индивидуалните потреби, интереси и афинитети на личноста. Во тој контекст ce интегрираат учеииците со различни образовни потреби и проблеми. Во Република Македонија во редовната наставна практика во основното образование ce забелележува вклученост на оваа категорија на ученици. За таа цел наставата претпоставува организирање и примена на соодветни современи пристапи во процесот на поучување. Процесот на инклузивно образование ги третира проблемите на иницијалното образование на наставниците и развивање на нивните стручни компетенции за работа со ученици кои имаат специфични образовни потреби. Од друга страна, образовната инклузија, односно степепот на нејзината наставна развиеност и формите на нејзино практикување претставуваат значаен индикатор за овозможување на секој поединец да му ce даде можност за образование, користејќи при тоа најразновидна методологија, инструменти и форми во процесот на поучување, прилагодени на конкретните услови и потреби. Поучувањето на популацијата. со посебни образовни потреби е посебен педагошки предизвик. За таа цел постои потреба од оптимално развивање на наставните услови и „методичката апаратура“ во функција на обезбедување нa продуктивност и остварување на оптимални образовни стандарди.
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОБЛЕМ. Проблемот при истражувањето е насочен во испитувањето на образовните потреби на наставниците од првиот образовен циклус во основното образование за поучување на учениците кои имаат посебни образовни потреби. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ. Наставниците имаат потреба од стручна поддршка во изработувањето на индивидуализираните курикулуми за работа со ученици кои имаат посебни образовни потреби. Наставниците имаат потреба од асистенти во процесот на поучување на учениците кои имаат посебни образовни потреби. Наставниците имаат развиени дидактички компетенции за примена на современи и разновидни наставни техники и наставни методи во реализацијата на наставата со ученици кои имаат различни образовни потреби. ТЕХНИКИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ. Анкетирање, анализа на педагошка документација. Процесот на поучувањето ќе биде ефективен доколку истиот го остварува наставник со развиени стручни и дидактички компетенции за подготовка на индивидуализирани курикулуми според образовните потреби на ученикот, со активна вклученост на семејството/старателот, релевантните стручни лица од областа и стручните училишни тимови.
Subjects

наставни пристапи, ди...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

sovremeni_pristapi.pdf

Size

525.57 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):2f53daf34aa6d37b338d521a46d4ac6f

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify