Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
За да се разбере инклузијата и да се постави на вистински темели, неопходно е да се тргне од културата и традицијата на општествената заедница во која се поставува. Концептот на инклузивно образование е терен во кој се натпреваруваат и судираат контрадикторни вредности, политики и процеси. Целта на студијата е да се направи увид во моменталната состојба на инклузивното образование во Р. Македонија и да се детерминираат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во инклузивниот процес. Потребните податоци беа добиени преку дескриптивна и компаративна анализа на сите законски и подзаконски акти, стратешки и проектни документи од една страна и спроведување на веб-анкетирање на 89 дефектолози во редовните основни и средни училишта, од друга страна. Анализата на податоците посочи на континуирано еволуирање на инклузивното образование и покрај повеќекратните почетоци и анулирање на работата на експертите и првите обиди на инклузивно образование. Како најчести детерминирани проблеми се недостаток на соодветна документација на учениците со посебни образовни потреби, недостаток на просторни и материјално-технички услови за работа, оценувањето на учениците и пред сè недоволна развиеност на инклузивниот процес во рамките на предучилишното воспитание. Новите промени во законската легислатива ветуваат унапредување на целокупниот воспитно-образовен процес на децата со пречки во развојот, но потребно е вмрежување на институциите во насока на искористување на сите потенцијали.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Состојби и предизвици на инклузивното образование.pdf
Size
541.8 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2f1ae20be83050b105935b7454680794
