Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 09: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
  4. Надворешното влијание врз надворешната политика и меѓуетничките односи: случajот на Република Северна Македонија
Details

Надворешното влијание врз надворешната политика и меѓуетничките односи: случajот на Република Северна Македонија

Date Issued
2021
Author(s)
Лека, Ѓераќина
Abstract
Во ера на динамични меѓународни интеграции, улогата што тие ја играат не само во меѓународните, туку и во домашните односи, заслужува посебно внимание на научникот. Оваа дисертација се осврнува на прашањето на меѓународната и националната интеграција, со истражување на односот помеѓу однесувањето на надворешната политика и меѓуетничките односи во малите, мултиетнички држави. Улогата на надворешната политика се посматра преку нејзиното поставување кон меѓународната интеграција, имено преку однесувањето што го покажува кон надворешните фактори кои ги условуваат меѓународните интеграции на државата. Ефектите од ова однесување се истражуваат во рамките на внатрешните односи на етнички различните групи. Истражувањето го користи случајот на Македонија за истражување на горенаведениот однос помеѓу надворешната политика и меѓуетничките односи. Неговите главни аргументи, формулирани врз основа на две истражувачки прашања, наведуваат дека надворешната политика дејствува како фактор на единство помеѓу етнички различните групи, кои проектираат слични преференции кон ориентацијата на надворешната политика. Надворешните предизвици за таквата надворешно-политичка ориентација, сепак, претставуваат закани кои можат да ја намалат обединувачката улога што ја проектира надворешната политика над етничките групи со ниско ниво на национална интеграција.
Тезата е структурно организирана во теоретски и емпириски поглавја. Главно се користи експлоративен пристап како најсоодветна методологија за истражување на комплексни односи за кои е потребно сложено разбирање. Тезата, исто така, ги презентира постојните знаења за надворешната политика на малите држави и теориите за национална интеграција, потребни за да им се помогне на квалитативните наоди да добијат форма на изјави и да добијат пренослива примена во други поставки. Воведното поглавје на оваа теза го изложува проблемот на истражувањето, прашањата, целите и диспозицијата. Следните три поглавја презентираат различни теоретски аспекти, почнувајќи со историски преглед на надворешната политика и меѓуетничките односи во Македонија, потоа со преглед на постојната литература и на крај со изградба на теоретска рамка. Емпириските поглавја започнуваат со опис на методолошките пристапи, фокусирајќи се на полу-структурирани интервјуа, како главна алатка за собирање на податоци и на тематска анализа, како главен инструмент за анализа и дискусија на наодите. Поглавјата на наоди, дискусија и заклучок ги презентираат главните резултати добиени од истражувањето. Тие откриваат силна обединувачка улога што ја има надворешната политика во однос на меѓуетничките односи на Македонија, која е, сепак, многу оспорена од надворешни билатерални закани. Одговорот на надворешната политика кон надворешните закани резултира како значаен детерминирачки фактор на единство или поделба меѓу етничките групи на една мала држава.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

gleka2021eng.pdf

Size

1.83 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):2d59171c9d97fb6c4d6ca5a81c2d1dc9

Loading...
Thumbnail Image
Name

gleka2021mk.pdf

Size

2.04 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):48f6d852c5dc86a3b636f5796d0b6159

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify