Истражувачките тенденции во образованието во мултикултурни средини во Република Македонија
Date Issued
2016
Author(s)
Симоновска Јаначковска, Е.
Садики, С.
Abstract
Истражувачкиот интерес на овој труд е во насока да одговори на многу прашања, кои, од една страна, се однесуваат на потребата за концепциско зајакнување на релевантните чинители во сферата на образованието во Р. Македонија за негување на подобри меѓуетнички односи преку образованието, а од друга страна, пак, понудуваат можни решенија во процесот на создавање безбедна средина во училиштата. Целта на истражувањето е проценување на концепциската поставеност и ефикасноста на проектите „Безбедни училишта“ и „Медијација меѓу врсници“, како модели за промовирање на превенција и интервенција на училишното насилство и нивното влијание врз зајакнување на меѓуетничките односи во одбрана група на средни училишта од шест мултиетнички општини во Република Македонија и во обезбедување безбедна училишна средина. Проучувањето на проблемот се врши со евалуациско истражување. Суштината на ваквиот начин на истражување се базира на потребата од анализа на концепциската поставеност на проектните модели и содржинска анализа на релевантната проектна документација. Од таа причина се наведува дека истражувањето добива и карактеристики на теоретско истражување. Заради сложената и мултиплицирана поставеност на истражуваната проблематика, приоритетно значење имаат ставовите и потребите на сите релевантни вклучени страни во процесот. Ова оди во прилог на констатацијата дека истражувањето има и емпириски карактер. Со истражувањето се претпоставува дека концепциската поставеност на проектите „Безбедни училишта“ и „Медијација меѓу врсници“, како модели за промовирање на превенција и интервенција на училишното насилство, позитивно влијаат врз зајакнување на меѓуетничките односи во средни училишта и во обезбедување безбедна училишна средина во средни училишта од шест мултиетнички општини во земјава.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
1396-Article Text-2709-1-10-20160603.pdf
Size
989.56 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d1974b52c4c0a4c99b992d37816413a3
