Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8956
Title: Примена на ран рехабилитациски третман како можност за намалување на инвалидноста кај лица после мозочен удар
Authors: Тодоров, Илија
Keywords: мозочен удар, инвалидност, ран рехабилитациски третман, самосталност, дневна животна активност.
Issue Date: 2020
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тодоров, И. (2020). Примена на ран рехабилитациски третман како можност за намалување на инвалидноста кај лица после мозочен удар. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Целта на ова истражување е да се направи компарација на инвалидноста кај оние пациенти со мозочен удар кои биле отпочнати со ран рехабилитациски третман и пациенти кои не биле третирани навреме со рехабилитацискиот третман. Во истражувањето се вклучени 50 лица во две групи на испитаници, во кои се опфатени 26 лица во првата група кај кој бил применет ран рехабилитациски третман во домашни или болнички услови и 24 лица во втората група на испитаници на кој не бил применет ран рехабилитациски третман или воопшто не биле вклучени во рехабилитација. Интерпретацијата и анализата на добиените резултати ни покажа дека поголемиот број на болни по спроведената рехабилитациска програма можат самостојно да ги остваруваат секојдневните животни активности во својот дом, без потреба за стална нега и туѓа помош, што е многу важен фактор, како на економски, така и на хуман план. Кај првата група пациенти отпочнати со ран рехабилитациски третман самостојни во движењето се кај високи 73% од испитаниците, додека делумно се самостојни кај 19%, а не се самостојни во движењето само кај 8%, додека кај втората група пациенти кој не се отпочнати со ран рехабилитациски третман, испитаниците ги дале следните одговори, незначителен број од нив, односно 13% одговорија дека се самостојни во движењето, 33% сметаат дека делумно се самостојни во движењето, а 54% од испитаниците одговориле дека не се самостојни во движењето. Од овој труд можеме да заклучиме за важноста на раниот рехабилитациски третман и неговиот ефект за намалувањето на степенот на инвалидноста до потполна самостојност, без потреба за постоење од туѓа помош, способноста за самостојно остварување на дневните животни активности, па сè до можноста за враќање на пациентот повторно на своето работно место.
Description: Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Владимир Трајковски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8956
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
itodorov2020.pdf3.39 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

566
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

1,148
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.