Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/894
Title: Бариери со кои се соочуваат младите лица со инвалидност при секојдневниот живот во Република Македонија
Other Titles: Barriers faced by young people with disabilities in the Republic of Macedonia
Authors: Цакиќ, Марија
Keywords: млади лица со инвалидност, бариери, секојдневен живот, Република Македонија
Issue Date: 2012
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Цакиќ М. Бариери со кои се соочуваат младите лица со инвалидност при секојдневниот живот во Република Македонија. Магистерски труд. Филозофски факултет: Скопје, 2012
Abstract: Вовед: Високиот степен на предрасуди, архитектонски бариери, индиферентниот однос, ограничената можност за вработување, социјалното исклучување во секојдневниот живот, ги прави младите лица со инвалидност невидливи граѓани во нашето општество. Негативните ставови кон различноста и состојбата на инвалидноста, изразени од страна на заедницата, содржат елементи на отворена дискриминација и маргинализација кон лицата со инвалидност. Цел: Целта на нашето истражување е да се претстават бариерите со кои секојдневно се соочуваат младите лица со инвалидност во Република Македонија и да се спореди нивото на проблемите во однос на хронолошката возраст, полот, категоријата на инвалидноста и етничката припадност. Методи: Во истражувањето е опфатен примерок од 70 млади лица со инвалидност, 31 родител на деца со инвалидност и 31 лице од општата популација во Република Македонија. Користен е методот на дескриптивна анализа, компаративна анализа и анализа на документацијата. Податоците беа обработени со стандардна статистичка програма SPSS for Windows XP, со примена на X 2 test i R x C табели на контингенција. За статистички значајна разлика ја сметавме разликата на ниво на значајност од p<0,05. Резултати: Анализата на добиените резултати ни покажа дека младите лица со инвалидност секојдневно наидуваат на одредени бариери. Најголем дел се соочуваат со бариери при вработувањето (83% од испитаниците на возрасна група од 18 до 30 години); 97% наидуваат на тешкотии при создавањето брачен статус. Кај возрасната група од 14 до 18 години, најголем процент бариери се при посетите на јавни места (100%). Констатиравме дека не постои статистички значајна разлика кај испитаниците во однос на нивниот пол. Кај општата популација, 58% од испитаниците не се запознаени со правата на лицата со инвалидност. Заклучок: Од овој труд можеме да заклучиме дека младите лица со инвалидност во Република Македонија се соочуваат со многу бариери при партиципација во општествената средина. Тие во голема мера наидуваат на бариери при вработувањето, наидуваат на несоодветни образовни можности, бариери при посетите на јавните установи, комуникацијата и многу други бариери при активното учество во општеството. Овие бариери придонесуваат за големи недостатоци кај лицата со инвалидност. Партиципацијата на младите лица со инвалидност на кое било поле од секојдневниот живот е во многу мала мера. Исто така, констатиравме дека е неопходно да се спроведе едукација на пошироката јавност за правата и можностите на лицата со инвалидност.
Description: Марија Цакиќ го одбрани магистерскиот труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 01.10.2018 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Наташа Чичевска Јованова, 3. Доц. д-р Зоран Киткањ
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/894
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Marija Cakic-magisterski trud.pdf897.71 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

91
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

71
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.