Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/892
Наслов: Програма за сексуална едукација: влијание врз знаењата и ставовите на лицата со попреченост за сексуалноста
Other Titles: Program for sexual education: influence upon the knowledge and attitudes of persons with disabilities for sexuality
Authors: Младеновска, Бисера
Keywords: сексуалност, лица со попреченост, знаења за сексуалноста, ставови за сексуалноста, сексуална едукација
Issue Date: 2014
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Младеновска Б. Програма за сексуална едукација: влијание врз знаењата и ставовите на лицата со попреченост за сексуалноста. Магистерски труд, Филозофски факултет: Скопје, 2014, 1-129
Abstract: Вовед: Сексуалноста кај лицата со попреченост многу често се негира првенствено од најблиското опкружување (родителите, семејството и терапевтите), па потоа и од пошироката социјална средина, а токму во овој сегмент овие лица се соочуваат со најголема дискриминација и маргинализација. Една од превентивните мерки која би била ефективна за надминување на овој проблем е вклучувањето на лицата со попреченост во соодветно дизајнирани сексуално-едукативни програми. Во македонски контекст ова претставува проблем бидејќи овие лица многу малку имаат прилика и можност да бидат вклучени во програма за сексуална едукација. Цел: Целта на истражувањето е да испита какви промени настануваат во знаењата и ставовите кај лицата со попреченост по активното учество во програма за сексуална едукација спроведена од Х.Е.Р.А. Методи: Во студијата се користат неколку методи и техники за прибирање на податоци од испитаниците пред учеството и по завршувањето на програмата за сексуална едукација: интервју (преку апликација на Прашалник за испитување на општото знаење за сексуалноста; Интервју за испитување на ставовите и мислењата за сексуалноста и Профил на испитаникот) и опсервација. Во анализата на резултатите се користеа t-test за прикажување на промените во иницијалното и финалното мерење и коефициент на корелација за да видиме какво е влијанието меѓу одделните варијабли. Како статистички значајни беа земени разликите на ниво од р<0.05. Резултати: Анализата покажува дека знаењата за сексуалноста кај испитаниците кои учествувале во едукативната програма, значително се подобриле меѓу првото и второто мерење. Најголеми промени беа забележани во сегментите на контрацепција и бременост, социо-сексуално прифатливо однесување во приватен и јавен простор, интимна хигиена и сексуално преносливи болести. Второто интервју открива повеќе позитивни ставови и мислења на испитаниците за партнерските и интимните врски, како и за склопување на нови пријателства. Заклучок: Истражувањето посочува на позитивни ефекти од програмата за сексуална едукација врз знаења и мислењата на лицата со попреченост за сексуалноста. Соодветно креирани програми кои одговараат на развојните потреби на личноста допринесуваат кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.
Опис: Бисера Младеновска го одбрани магистерскиот труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 08.05.2014. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Зоран Киткањ, 3. Проф. д-р Наташа Чичевска Јованова
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/892
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Bisera Mladenovska-magisterska.pdf1.29 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

179
Last Week
0
Last month
checked on 4.5.2025

Download(s)

457
checked on 4.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.