Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/880
Title: Имплементација на ASQ-3/ Етапен развоен прашалник во Република Македонија
Other Titles: Implementation of ASQ-3/ Ages and Stages development questionnaire in Republic of Macedonia
Authors: Станоевска, Благица
Keywords: Ages and Stages Questionnaires (ASQ), Етапен развоен прашалник, развојни доцнења, прашалник наменет за родители, скрининг инструмент, релијабилност
Issue Date: 2015
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Станоевска Б. Имплементација на ASQ-3/ Етапен развоен прашалник во Република Македонија. Магистерски труд. Филозофски факултет: Скопје, 2015; 1-137
Abstract: Вовед: Соодветен и ефективен развоен скрининг е неопходен за рана идентификација на развојните проблеми и доцнења. Како резултат на немањето на соодветен систем за ран скриниг и детекција, предучилишните деца кои живеат во Република Македонија се идентификувани како деца со попреченост најчесто откако ќе наполнат 3 години, а некои дури по тргнувањето во училиште. Поради ова тие немаат можност да ги искористат своите потенцијали максимално. Во Македонија постојат четири центри за рана интервенција, Центар за следење на растот и развојот на ризично родените деца, во главниот град, Скопје, во Битола, Велес и Штип. Децата кои имаат потреба од невролошко следење се следат во Невроразвојната педијатриска амбуланта при Клиниката за детски болести. Во Македонија нема ниту стандардизирани скрининг или развојни тестови, прашалници итн. За целите на ова истражување беа преведени и адаптирани за употреба во Македонија прашалниците за 36, 48 и 60 месеци од Етапниот развоен прашалник, третата верзија/ Ages and Stages Questionnaires (ASQ-3), скриниг систем наменет за употреба од страна на родителите. Цел: Целта на ова истражување беше да се увиди релијабилноста на ASQ-3 за македонската популација. Студиите за релијабилност ги вклучуваат тест-ретестот, веродостојноста и внатрешната конзистентност. Со оваа студија беше увидена родителската желба, подготвеност и способност да учествуваат во развојниот скриниг на сопствените деца. Методи: ASQ беше преведен (повторен-превод) на македонски јазик и беше направена културолошка адаптација. Вака преведените и адаптирани прашалници беа дистрибуирани и пополнети од страна на 165 родители на деца кои го опфаќаат возрасниот опсег од 36, 48 и 60 месеци и од страна на 165 воспитувачи во седум градинки, кои работат со истите деца. Ова истражување траеше 5 месеци (мај-октомври, 2014 г.). Релијабилноста беше истражувана преку тест-ретест истражување, истражување за веродостојноста и внатрешната конзистентност. Тест-ретестот беше истражуван со споредување на прашалниците кои беа пополнети од истиот родител два пати, во временски интервал од 2 недели. Веродостојноста беше испитувана преку споредување на двата прашалници кои се пополнуваа од страна на родителите и воспитувачите, за истото дете. Внатрешната конзистентност имаше за цел да ја увиди корелацијата помеѓу прашањата во секоја од областите. Резултати: Висок процент на родители и воспитувачи беа дел од ова истражување (78%). Резултатите од тест-ретестот беа генерално високи (0.95) и се движеа од 0.70 до 0.95. Најниска вредност (0.70) беше добиена за способноста за решавање на проблеми, а највисока (0.92) за самостојноста и социјалниот развој. Внатрешната козистентност беше висока (0.72), а корелацијата за различни возрасни интервали се движеше од 0.69 до 0.82. Најсилно совпаѓање (0.82) беше добиено за прашалниците за 60 месечна возраст, а најслабо совпаѓање (0.69) за 48 месечна возраст. Cronbach-овиот коефициент (внатрешна конзистентност) се движеше од 0.50 до 0.87, што ни укажуваше на тоа дека ASQ има прифатлива до добра внатрешна козистентност. Најнизок коефициент (0.50) беше добиен за способноста за решавање на проблемите за прашалниците за 60 месечна возраст. Највисок коефициент (0.87) беше добиен за фината моторика за прашалниците за 48 месечна возраст. Заклучок: Родителите имаа желба, способност и беа подготвени да учествуваат во развојниот скрининг на сопствените деца. Тие беа објективни и рамноправно учествуваа во истиот. Корелацијата, поврзаноста на прашањата за секоја област на ASQ-3 беше прифатлива и генерално сите резултати беа ветувачки, со што се отвораат можности за продолжување со останатите истражувања за ASQ-3. Потребни се понатамошни истражувања за да се потврдат добиените резултати на поголем и поразновиден примерок од македонската популација.
Description: Благица Станоевска го одбрани магистерскиот труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 07.12.2015 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ, 3. Проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/880
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Blagica Stanoevska-magisterska.pdf1.16 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

74
Last Week
1
Last month
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

172
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.