Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8786
Title: ВЛИЈАНИЕТО НА РАНАТА ПЕРОРАЛНА ИСХРАНА ВРЗ ПОСТОПЕРАТИВНОТО ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЦРЕВНАТА ФУНКЦИЈА ПРИ ЕЛЕКТИВНА КОЛОРЕКТАЛНА ХИРУРГИЈА
Authors: Стојан Ѓошев
Бети Дејанова
Љубомир Огњеновиќ
Александар Шумковски 
Наталија Цоклеска
Милчо Пановски
Билјана Кузмановска 
Никола Оровчанец
Keywords: колоректален карцином
рана исхрана
болнички престој
цревна функција
Issue Date: 15-Jun-2018
Publisher: Архиви на јавното здравје
Abstract: Целта на трудот беше да го утврди влијанието на раната перорална исхрана врз постоперативното воспоставување на цревната функција и пероперативниот морбидитет кај пациентите оперирани од колоректален карцином. Материјал и методи: Во проспективната рандомизирана студија беа вклуче-ни 100 пациенти со колоректален карцином со стандардна предоперативна и оперативна процедура. Пациентите беа поделени на 2 групи: испитувана и контролна и секоја група вклучуваше по 50 паци-енти. Пациентите од испитуваната група започнаа со внес на течности во текот на првите 24 часа по-стоперативно и продолжија со регуларна диета во следните 24-48 часа во зависност од толерантноста кон истата. Пациентите од контролната група започнаа со внес на течности и храна по повлекување на постоперативниот илеус. Се следеше времето до воспоставување на цревната функција, должината на постоперативниот болнички престој, бројот и видот на пероперативните компликации и евенту-алните реадмисии во болница во првите 30 дена постоперативно. Резултати: Меѓу испитуваната и контролната група пациенти немаше значајна разлика во однос на демографските податоци, лока-лизацијата на туморот и типот на операција (p>0,05). Бројот на денови до воспоставување на перис-талтика беше 1,18±0,39 наспроти 2,14±0,53, добивање на гасови 1,90±0,65 наспроти 3,34±1,06 и столица 3,24±1,33 наспроти 5,28±1,83. Овие резултати се сигификантно пониски кај испитуваната група во од-нос на контролната група (p<0,001). Не постоеше разлика во анализата на поединечните компликации, меѓутоа вкупниот број на постоперативни компликации беше сигнификантно помал во испитуваната група: 3 наспроти 10 (p=0,04). Болничкиот престој во испитуваната 7,48±2,47 дена наспроти 9,88±3,66 дена во контролната група беше исто така сигнификантно пократок [Z= -6,16 и p<0,001(p=0,000)]. За-клучок: Раната перорална исхрана кај пациентите оперирани од колоректален карцином го забрзува воспоставувањето на цревната функција со истовремено значајно намалување на пероперативниот морбидитет и болничкиот престој.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8786
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
1603-Article Text-6898-2-10-20180627.pdfВЛИЈАНИЕТО НА РАНАТА ПЕРОРАЛНА ИСХРАНА ВРЗ ПОСТОПЕРАТИВНОТО ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЦРЕВНАТА ФУНКЦИЈА ПРИ ЕЛЕКТИВНА КОЛОРЕКТАЛНА ХИРУРГИЈА197.07 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

7
checked on Oct 19, 2020

Download(s)

2
checked on Oct 19, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.