Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/876| DC Field | Value | Language |
|---|---|---|
| dc.contributor.author | Станкова, Тања | en_US |
| dc.date.accessioned | 2018-11-24T20:16:12Z | - |
| dc.date.available | 2018-11-24T20:16:12Z | - |
| dc.date.issued | 2018 | - |
| dc.identifier.citation | Станкова T. Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни. Магистерски труд, Филозофски факултет: Скопје, 2018, 1-227 | en_US |
| dc.identifier.uri | http://hdl.handle.net/20.500.12188/876 | - |
| dc.description | Тања Станкова го одбрани својот магистерски труд на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје на 12.11.2018 година. Комисија: 1. Проф. д-р Владимир Трајковски, 2. Проф. д-р Наташа Ангелоска Галевска, 3. Проф. д-р Зора Јачова | en_US |
| dc.description.abstract | Вовед: Лицата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) пројавуваат нарушувања во социјалната интеракција и тоа во области, како што се иницирање на социјални врски или одржување на блиски и реципрочни врски. Една од причините за нарушувања во социјалната комуникација и интеракција се токму тешкотиите при разбирање на мислите, верувањата, намерите, желбите, чувствата и мотивацијата на другите, како и разбирање на гледиштата на другите, наместо само сопствените. Токму оваа неспособност или тешкотии при сфаќање на горенаведените ментални состојби, како и способноста тие информации да се интерпретираат со цел да се разбере и предвиди однесувањето на другите лица се дефинира како Теорија на умот. Сексуалноста се состои од видови на однесување придружени со физички, емоционални и социјални интеракции и воедно претставува важен аспект од здравиот развој и процесот на прилагодување на личноста низ различните развојни фази во животот. Недостатокот на социјални вештини кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања е особено воочлив токму во областа на сексуалноста и интимните врски. Во таа насока од есенцијално значење е изготвување на програма која ќе понуди информации за сексуалноста, согласно индивидуалните и специфични потреби и карактеристики на лицата со АСН. Социјалните приказни, дизајнирани од страна на Carol Gray, ги адресираат токму недостатоците на Теорија на умот, преку претставување на перспективите на мислите, емоциите и однесувањето на другите луѓе, со примена на едноставен јазик, поддржан со визуелни стимули изработени според индивидуалните способности и знаење на лицата со АСН. Цел: Целта на оваа магистерска теза е да се изготват Социјални приказни, според критериумите на Carol Gray, за примена на сексуална едукација и следствено да се проценат ефектите од нивната примена при спроведување на сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања, односно да се утврди промената во знаењето и однесувањето на лицата со АСН во однос на сексуалноста. Методи: Во истражувањето се користи квалитативен методолошки пристап. Во однос на техниките се користи техниката интервјуирање и набљудување. Инструменти во истражувањето се: протокол за интервјуирање на родители, протокол за набљудување при спроведување на сексуална едукација на лицата со АСН и инвентарен тест за испитување на знаењата од областа на сексуалноста, пред спроведување и по завршување на сексуалната едукација. Резултати: Анализата покажува дека знаењата за сексуалноста кај испитаниците што учествуваа во сексуалната едукација, значително се подобриле меѓу првото и второто мерење. Најголеми промени беа забележани за темите кои ги обработуваат приватните и репродуктивните органи на телото; промените кои настануваат за време на пубертетот; идентификување на пријатни и непријатни допири; и сексуален однос и контрацепција. Заклучок: Истражувањето посочува позитивни ефекти од спроведување на сексуална едукација врз знаења и однесувањето на лицата со АСН за сексуалноста, преку примена на техниката Социјални приказни. Соодветно изготвените Социјални приказни овозможуваат усвојување на нови и проширување на претходно стекнатите знаења за сексуалноста, што следствено влијае на квалитетот на живот на лицата со АСН, во насока на негово подобрување. | en_US |
| dc.language.iso | mk | en_US |
| dc.publisher | Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia | en_US |
| dc.subject | сексуалност, сексуална едукација, лица со аутистичен спектар на нарушувања, социјални приказни | en_US |
| dc.title | Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни | en_US |
| dc.title.alternative | Sexual education for persons with autism spectrum disorders – implementation of the technique Social Stories | en_US |
| dc.type | Thesis | en_US |
| item.grantfulltext | open | - |
| item.fulltext | With Fulltext | - |
| Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези | |
Files in This Item:
| File | Опис | Size | Format | |
|---|---|---|---|---|
| Магистерски труд Т.Станкова.pdf | 8.17 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
132
Last Week
0
0
Last month
2
2
checked on 24.11.2025
Download(s)
615
checked on 24.11.2025
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.
