Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
  4. Имуногенетски анализи кај лица со аутизам во Република Македонија
Details

Имуногенетски анализи кај лица со аутизам во Република Македонија

Date Issued
2002
Author(s)
Abstract
Аутизмот претставува широк континуум на поврзани когнитивни и невробихејвиорални нарушувања, вклучувајќи три карактеристики: нарушувања во социјализацијата, нарушувања во вербалната и невербалната комуникација и рестриктивни и репетитивни шеми на однесување.
Цели во оваа докторска дисертација се: анализирање на демографската структура на лицата со аутизам, креирање база на податоци за лицата со аутизам, ХЛА-ДНК типизација на лицата со аутизам и нивните семејства, одредување на нивото на имуноглобулински класи и поткласи во серумот и испитување на специфични алергични противтела.
Во периодот од април 2000 до април 2002 година беа анализирани 39 лица со аутизам, од кои крв беше земена од 35 лица, и од 22 нивни браќа/сестри, 27 мајки, 23 татковци, како и од 98 здрави роднински неповрзани лица (контролна група). Истражувањето претставува ретроспективна студија. Во обработката на пациентите употребен е епидемиолошко-имунолошкиот метод на работа. Имуногенетските и имунолошките анализи беа организирани и спроведени во лабораториите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје. Беше земена по 10 мл крв со помош на стандардна венепункција во вакутејнери со ЕДТА (К3), а во времето на земање на крвта ниту едно од лицата со аутизам не земаше лекови или антипсихотици. Плазма примероците беа одвоени со центрифугирање на крвта и замрзнати на -200C се додека не беа започнати анализите. ХЛА-ДНК типизацијата е направена со високо резолутивните техники: RLS (Reverese Line Strip) за класа I гените, и SBT (Sequencing-based Typing) за класа II гените. Серумските имуноглобулински класи и поткласи се определени имунонефелометриски на автоматизиран Dade-Behring Nephelometer Analyzer. Серумските специфични алергени од храната се определувани со автоматскиот имунофлуоресцентен апарат со цврста фаза Pharmacia UniCAP 100. Статистичката анализа е направена со: дескриптивно статистички мерки како што се средна вредност, медијана, стандардна девијација и проценти на структура. Разликите меѓу нумеричките варијабли се анализирани со Student-ов т-тест. Непараметриските тестови на Колмогоров-Смирнов, Mann-Whitney Kruskal-Wallis-овиот тест беа користени при асиметрична статистичка дистрибуција.
Со анализа на добиените резултати се заклучи дека преваленцијата на аутизмот во РМ изнесува 0.25 лица на 10.000 жители и машкиот пол е 2.5 пати почесто застапен од женскиот. Болестите на мајката во тек на бременоста и патолошкиот тек на истата се ризик фактори за развој на синдромот (p = 0.04). Времетраењето на доењето и предвременото одбивање на мајчиното млеко се сигнификантно асоцирани со појавата на аутизмот (p < 0.01). Утврдено е дека повозрасните родители имаат поголема шанса да имаат дете со аутизам (p < 0.001). Имуногенетските анализи на лицата со аутизам покажаа дека ХЛА-Ц*03 (p=0.03) и ХЛА-ДРБ1*01 (p = 0.012) алелите се издвојуваат како асоцирачки фактори во појавата на аутизмот. Плазма концентрацијата на подкласата ИгГ4 имуноглобулини е сигнификантно покачена кај лицата со аутизам (p < 0.02). Плазма концентрацијата на ИгГ противтелата против алфа-лакталбуминот, бета-лактоглобулинот и казеинот е статистички значајно повисоко кај лицата со аутизам во однос на родителите (p < 0.001). Концентрација на ИгГ противтелата кон глијадинот кај лицата со аутизам беше статистички значајно повисока од таа на татковците и мајките (p < 0.04). Средната вредност на плазма концентрацијата на ИгА противтелата против бета лактглобулинот кај лицата со аутизам се покажа статистички значајно повисоко од нивните браќа и сестри (p < 0.05). Нивото на казеинските ИгА противтелата кај аутистичната група се покажа статистички значајно повисоко во однос на контролната група на татковци и мајки (p < 0.01) и браќа/сестри (p < 0.05). Нивото на специфични алергични ИгЕ противтела против казеинот и бета-лактоглобулинот во серумот на аутистичните пациенти беше сигнификантно повисоко отколку кај нивните браќа/сестри и нивните родители (p < 0.04). Титарот на вкупните ИгЕ противтела беше статистички значајно повисок кај лицата со аутизам за разлика од мајките (p<0.04), браќата и сестрите (p < 0.02).
Детектирањето на асоцијацијата со двете ХЛА алели кај нашите лица со аутизам отвора нови димензии за натамошни истражувања во семејствата и евентуална примена на оваа методологија во генетскотото советување. Утврдените имунолошки и алерголошки нарушувања се само можност повеќе за спроведување на имунодијагностиката, имунотерапијата, како и започнување на третман со диета без алергенските продукти од храната во Република Македонија.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Vladimir Trajkovski-doktorat-11.12.2002.pdf

Size

2.37 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):0e689fef3cf1acc33bd6029c7558949e

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify