Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8634
Наслов: Дисфункционалност на семејството и разводот: Ефекти врз развојот на децата и адолесцентите
Authors: Киткањ, Зоран 
Фрицханд, Ана 
Keywords: дисфункционално семејство, развод, развој на деца и адолесценти
Issue Date: 2017
Publisher: Јуридика Прима
Source: Киткањ, З., Фрицханд, А. (2017). Дисфункционалност на семејството и разводот: Ефекти врз развојот на децата и адолесцентите. Зборник на трудови од 3-rd International Scientific Conference “Effective Protection of the Human Rights and Liberties: Reality or Ideal”, Том 6, 275-287
Abstract: Во овој труд се разгледуваат карактеристиките на семејството како примарен агенс на социјализација и прва надворешна реалност за поединецот. Притоа, посебен акцент е ставен на дисфункционалните семејства и на негативните ефекти од живеењето и растењето во вакви семејства. Во исто време, во трудот се разгледува и разводот од аспект на појавностите и последиците, како и неговото влијание врз развојот на децата и адолесцентите. Познато е дека зголемувањето на стапката на разводи е глобален тренд и дека помалку или повеќе ги засега речиси сите општества. Иако разводот е стресен настан за сите членови на семејството, кога се во прашање децата емпиријата и праксата покажуваат дека доколку родителите успеат конструктивно да го изменаџираат стресот кој го следи разводот, голем број деца не развиваат негативни симптоми од разводот. Дисфункционалноста на семејството, лошите и несоодветни економски услови, присуството на семејно насилство, запоставувањето на децата и незадоволувањето на нивните базични потреби, присуството на психички растројства кај едниот или двата родители, како и многу други ризик фактори го попречуваат, па дури и го оневозможуваат оптималниот развој на децата и адолесцентите. Резултат од ова неретко се (авто)деструктивни однесувања кои можат да доведат до престапничко однесување и имаат сериозни последици по животот и безбедноста на самиот поединец и на останатите луѓе од неговата непосредна и подалечна средина.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8634
ISBN: 978-608-66152-1-5
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Disfunkcionalnost na semejstvoto i razvodot_new.pdf3.03 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

272
checked on 8.8.2024

Download(s)

317
checked on 8.8.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.