Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/822
Title: Квалитет на односот меѓу браќа и сестри кај семејства што имаат дете со аутизам
Authors: Илиќ Пешиќ, Милена
Трајковски, Владимир 
Keywords: аутизам, квалитет на однос, браќа и сестри, семејство
Issue Date: 2014
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Илиќ Пешиќ М, Трајковски В. Квалитет на односот меѓу браќа и сестри кај семејства што имаат дете со аутизам. Во: Чичевска Јованова Н, Димитрова Радојичиќ Д, Јачова З, уредници. Зборник на трудови од четврта меѓународна конференција: Современи аспекти на специјална едукација и рехабилитација на лица со инвалидност, 17-19 октомври 2013, Охрид: Филозофски факултет, 2014. 494-504.
Conference: Современи аспекти на специјална едукација и рехабилитација на лица со инвалидност
Abstract: Вовед: Доколку во семејството постои дете со аутизам, можат да се јават импликации во целото семејство и во неговото функционирање, а воедно и во односот помеѓу браќата и сестрите. Методoлогија: Истражувајќи и правејќи споредба на квалитетот на од- носот меѓу браќата и сестрите во семејства со дете со аутизам и квалитетот на односот во семејства кај кои нема дете со аутизам, опфативме примерок од 132 испитаника. Податоците беа обработени со стандарден статистички програм SPSS за Windows, применувајќи ги Mann-Whitney U и Wilcoxon test. За статистич- ки значајна разлика меѓу групите се смета таа со ниво на значајност од p < 0,05. Резултати: Во однос на позитивните карактеристики на квалитетот на односот помеѓу браќа и сестри, варијаблата сличност на интереси е повисока кај контролната група при (M=27,72 SD=7,68) и (M=19,15 SD= 4,48), (p<0,01). Во однос на негативните карактеристики, нивото на принуда е пониско кај испитуваната група (M=10,10, SD=1,58) и (M=12,34 SD=2,28), (p<0,01). Кај оче- куваните и перципираните позитивни карактеристики од страна на родителите, варијаблата блискост е повисока кај контролната група (M = 48,45, SD = 5,93) и (M = 42,56, SD = 7,89), (p<0,01), додека при очекуваните и перцeпираните негативни карактеристики од страна на родителите, нивото на перципирано соперништво е пониско кај родители од испитуваната група (M = 5,54, SD = 2,45) и (M=7,15 SD=2,12), (p < 0,01). Заклучок: Постојат одредени разлики во квалитетот на односот помеѓу браќата и сестрите во зависност од тоа дали се работи за семејство од испитувана или контролна група, но тие разлики не мора нужно да се со негативна конотација.
Description: Четврта меѓународна конференција што се одржа во октомври 2013 година во Охрид
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/822
Appears in Collections:Faculty of Philosophy, Collection 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Show full item record

Page view(s)

36
Last Week
0
Last month
2
checked on Mar 31, 2020

Download(s)

2
checked on Mar 31, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.