Дијалектот во полската книжевност – проблем или предизвик на преведувачот
Journal
Славистички студии 18
Date Issued
2018
Author(s)
Танушевска, Лидија
Abstract
Во овој труд ќе биде претставен проблемот на преведување текстови кои се регионално обележани и со тоа отвораат различни полиња на размислување за преводливоста, односно непреводливоста, како и различни техники на решавање на преведувачкиот предизвик. Проблемот на преведување дијалекти ќе биде изложен преку куса анализа на решенијата кои ги примениле македонските преведувачи на полска литература сопоставени пред ваква задача. Примерите се земени од различни дела, од различни литературни епохи, но и од различни преведувачи, од различни генерации. Целта на овој труд е да се обидеме да покажеме колку се овие преведувачки решенија функционални во целниот јазик и до кој степен е таквиот превод еквивалентен на оригиналот.
Subjects
