МОДЕЛ НА ПАРЦИЈАЛНА РАМНОТЕЖА ЗА ЕКС- АНТЕ АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ НА ОДДЕЛНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Date Issued
2010
Author(s)
Котевска, Ана
Abstract
Македонија во моментов се соочува со еден од најголемите предизвици од
нејзиното осамостојување – а тоа е процесот на пристапување кон ЕУ. Поаѓајќи од
мислата дека „предвидувањето на значајни економски настани е извор на моќ“
(Howitt, 2005) идејата на оваа дисертација е да се развие модел со кој ќе може да се
направи екс-анте оцена на влијанието што пристапот кон ЕУ ќе го има врз одредени
сегменти од македонското земјоделство, поконкретно пазарите за месо, млеко и
житарки.
Моделот е рекурзивен, динамичен, мултипроизводен модел на парцијална
рамнотежа за пазарите на месо, млеко и житарки во Република Македонија.
Изработен е следејќи ги главните принципи на АГМЕМОД моделирањето,
прикажувајќи ги специфичностите на македонското земјоделство.
Меѓусекторската споредба на базичното сценарио покажува најголем
потенцијален развој за секторот на свинско месо, јагнешкото месо и кравјо млеко. Од
друга страна, во сценаријата со ЕУ пристап, најпозитивно влијание се очекува кај
екстензивните производства, производството на јагнешкото и говедското месо.
Житарките покажуваат скромен раст на понудата во ЕУ сценаријата, но проекциите на
нето-трговија покажуваат зголемување на увозната зависност за овие производи,
резултат на нивната зголемена потрошувачка за добиточна исхрана. Најголемата
придобивка доаѓа од повиското ниво на цени и поголемата буџетска поддршка, и
споредено со искуствата од претходните проширувања моделот ги потврдува
очекувањата за развојот на избраните сектори по пристапот во ЕУ.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Disertacija - Ana Kotevska.pdf
Size
1.46 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c52d0ec4f4e75b1880dd6bed6a9e534e