Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7550
Наслов: Референдумот во фокус – крајот на патот за пристапување на Македонија во ЕУ и во НАТО или само крајот на патот?
Authors: Марковиќ, Ненад & Дамјановски, Иван
Keywords: референдум, Македонија, ЕУ, НАТО, Преспа
Issue Date: сеп-2018
Publisher: Фондација Отворено Општество Македонија
Series/Report no.: Документи за јавни политики: поддршка на Република Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО;
Abstract: На 30 септември 2018 година македонските граѓани ќе гла- саат на референдум кој има одлучувачко влијание за идни- ната на Македонија. Имено, тие треба да одлучат дали при- фаќаат уставна промена на името на земјата во Република Северна Македонија, со што ќе се стави крај на долготрајниот спор за името со Грција и ќе се одблокира пристапување на земјата во НАТО и во Европската Унија (ЕУ). Референдумот е клучен момент што произлегува од потпишувањето на Договорот од Преспа од страна на македонската и грчката влада на 17 јуни 2018 година. Договорот и последователниот референдум за негово одобрување имаат разединувачки ефект врз македонското општество. Оние кои се против Договорот од Преспа ја обвинуваат Владата за капитула- ција пред грчките барања и изразуваат загриженост за негативното влијание што би го имала промената на името врз македонскиот идентитет. Од друга страна, поддржувачите на Договорот, што го поздравија голем број држави-членки на ЕУ и на НАТО, цврсто го ставаат усвојувањето на Договорот во рамките на наративот за ид- ните придобивки од пристапувањето во НАТО и во ЕУ, кое - поради улогата на Грција како „чувар на портите“ во обете организации - би било невозможно да се постигне без правење отстапки во однос на името на земјата. Овој документ за јавната политика ги анализира потенцијалните сценарија за влијанието на исходот на референдумот врз перспек- тивите на Македонија за пристапување во НАТО и во ЕУ. За секое од нив, овој документ ги анализира моменталните состојби и претход- ните развојни настани во земјата и се обидува да ги предвиди глав- ните предизвици од аспект на позитивниот и негативниот исход на претстојниот референдум. На крајот од секој дел, документот дава можни алтернативи и насоки за дејствување на Владата и на засег- натите страни во општеството.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7550
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
FOSM - Референдумот во фокус.pdf147.86 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

64
checked on 24.11.2025

Download(s)

29
checked on 24.11.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.