Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7149
Наслов: Анализа на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон
Authors: Најдовска Наташа
Аранѓеловски Тони
Keywords: Самовградлив бетон; Варовничка прашина; Обработливост; Јакост на притисок; Модул на еластичност
Issue Date: окт-2019
Publisher: Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје
Series/Report no.: Современи материјали;ММ - 10
Conference: 18-ти Меѓународен Симпозиум на Друштвото на Градежните Конструктори на Македонија
Abstract: Практичната примена на самовградливиот бетон денес е решение за постигнување на висока трајност на армиранобетонските конструкции со подобрување на својствата на свежиот бетон, погуста микроструктура која ги зголемува механичките карактеристики, елиминирајќи ги грешките кои произлегуваат од неправилно вибрирање на бетонот при вградувањето. За постигнување на самовградливост на бетонот најчесто се користат минерални додатоци од типот на варовничка прашина и адитив од типот на суперпластификатор. Варовничката прашина, која се користи за зголемување на отпорноста на сегрегација на самовградливиот бетон е параметар кој заслужува големо внимание при проектирањето на составот на самовградливиот бетон за постигнување не само на својствата на свежиот бетон но и за постигнување на бараните механички карактеристики на самовградливиот бетон. Во статијата се прикажани експерименталните истражувања за проучување на влијанието на варовничката прашина врз својствата на самовградливиот бетон класа на јакост C30/37 со додаток на 22%, 30% и 40% варовничка прашина од количеството на прашкасти материјали (цемент и варовничка прашина). Извршени се испитувања на фазите цементна паста и цементен малтер за определување на односот помеѓу волуменот на водата и волуменот на цементот и варовничката прашина и оптималното количество на суперпластификатор. Потоа се испитани својствата на свежиот бетон и испитување на јакост на притисок и модул на еластичност. Од добиените резултати се забележува дека зголемувањето на количество на варовничка прашина поволно влијае на својствата на свежиот самовградлив бетон. Бидејќи варовничката прашина не учествува во процесот на хидратацијата на цементот, односно нема пуцолански својства, зголемувањето на додатокот на варовничка прашина ги намалува механичките карактеристики иако е постигната класата на јакост C30/37.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7149
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

53
checked on 25.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.