Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6924
Наслов: МЕСТОТО НА СЛУЖБЕНОСТИТЕ (SERVITUTES) ВО РИМСКОТО СТВАРНО ПРАВО
Authors: Есин Кранли Бајрам
Issue Date: дек-2015
Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје
Abstract: Имајќи го во предвид централниот интерес на овој труд, службеностите, на почетокот се наметнува потребата од дефинирање и диференцирање на стварното право, чиј што институт меѓу другото се и службеностите. За волја на вистината, дефинирањето на правните институти, особено на оние од приватното право, било избегнувано од римските правници, бидејќи тие сметале дека секогаш постои опасност ваквите дефиниции да бидат оборени заради некој недостаток, така што многу од дефинициите на првните институти се само логичен заклучок што романистите го извлекувале, имајќи ги во предвид основните елементи содржани во многубројните извори на римското право. Како што беше напоменато , изворите на римското право упатуваат и на дефиницијата на стварното право, како збир од правни норми (правила) кои се однесуваат на овластувањата што еден субјект ги има на определена ствар или субјективното право на овластеникот на одреден начин да ја користи одредената ствар, со негативна должност на сите други лица да не го спречуваат во тоа . Заедничкиот елемент, за правните гранки кои ја сочинуваат материјата на граѓанското право како правна област, е тоа што сите во крајна линија имаат имотен ефект. Разликите меѓу нив лежат во посебните карактеристики, специфични за секоја од нив.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6924
ISSN: 0583-5062
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Godisnik 2015 tom 52.pdfМЕСТОТО НА СЛУЖБЕНОСТИТЕ (SERVITUTES) ВО РИМСКОТО СТВАРНО ПРАВО3.75 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

103
checked on 18.7.2024

Download(s)

188
checked on 18.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.