Фискална политика, фискална одржливост во мала и отворена економија во услови на глобалните економски нарушувања – случајот на Република Македонија
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Глобалната економска криза, како и Европската должничка криза ставија нов акцент на одржливоста на јавните финансии и силно ја истакнаа потребата од балансирање помеѓу краткорочните стабилизациони цели и долгорочната фискална позиција. Во ваква ситуација на брзо зголемување на јавниот долг, чувствителен економски раст и сè уште разнишана доверба на меѓународните финансиски пазари, проблематиката на фискална одржливост стана значајно прашање и тема на голем број истражувања, студии и книги. Овој проблем е исклучително важен за земјите членки на ЕУ, а уште повеќе за земјите кои планираат да се интегрираат во ЕУ, имајќи предвид дека при глобални економски нарушувања се покажа дека фискалната политика е првиот “камен на сопнување” за одржливата макроекономска стабилност на унијата. Република Македонија, како претставник на малите и отворени економии не беше исклучок од глобалните трендови во оваа насока. Силната фискална експанзија во последните неколку години во земјава ја стави на испит нејзината фискална одржливост, со оглед на брзата динамика на пораст на нивото на задолженост. Имајќи ја предвид големата важност на фискалната одржливост за макроекономската стабилност на земјава, во фокусот на овој труд се јавните финансии, фискалната политика и фискалната одржливост на Македонија во услови на последните економски нарушувања- глобалната криза и Европската должничка криза. Централниот акцент на трудот е ставен на утврдувањето на долгорочната одржливост на фискалната политика низ елаборирање на движењата на главните фискални варијабли и досега реализираните емпириски истражувања со цел јасно укажување на потребата за приспособување, промена на курсот кон консолидација и зголемување на ефикасноста на фискалната политика.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА, ФИСКАЛНА ОДРЖЛИВОСТ ВО МАЛА И ОТВОРЕНА ЕКОНОМИЈА.pdf
Size
1.06 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7b2b2990d0d6877ad72aee9ea3ceee09
