До веродостојност на медиумите преку развиен етос на публиката и нејзина медиумска писменост
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје (по повод 40 години од основањето на студиите по новинарство)
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Во денешни услови, во демократските општества имаме евидентно поместување на матрицата на дејствување на медиумите каде веќе информирањето не е единствена и најважна задача, туку и нужната вклученост на јавноста во зајакнувањето на демократските процеси. Начинот на кој тоа се прави е се подоминантното развивање на тезата за форумизација преку промовирањето на различноста на мислењето, јавната дебата и граѓанската партиципација во општеството, но и во однос на промовирањето на демократските вредности, залагањето за слободата на изразување и слободата на говорот.
Па така, наместо само да пренесуваат креирани пораки од некој, медиумите треба и да го привлечат вниманието на публиката, да пренесат, но и да наметнат ставови, што значи дека сега, во вакви услови, публиката е таа која има голема морална одговорност во однос на познавањето на функцијата на медиумите, за да може полесно да ги анализира и да ги сфати медиумските пораки, но и за да ја разбере намерата на оној кој ја испратил пораката.
Едновремено, успешноста во разбирањето на пораките го открива и степенот на медиумска писменост на дадената јавноста, затоа што етосот на публиката имплицира свест на публиката за квалитетот на содржините во медиумите, барање за квалитет во работењето на медиумите, како и спремност да се игра активна улога во однос на влијанието на медиумите. Во овој поглед етиката на публиката е блиска со медиумиската педагогија и медиумската писменост!
Каква е состојбата во Македонија во однос на степенот на развиен етос на публиката, но и практицирање на соодветно развиена медиумската писменост која е особено важна во развивањето на комуникациска адекватна општествена заедница од која едновремено зависи и веродостојноста на медиумите!?

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
202002110914.pdf
Size
1.22 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5127748d7ab9b30ddf48b2f1e164e645