Хипокритски кон Хипократ
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Во османлиска Македонија силно се чувствувал недостатокот од професионален медицински кадар. Со исклучок на турските воени екими што ги опслужувале месните гарнизони, во македонските градови во втората половина на ΧΙΧ век работел занемарлив број христијански лекари. Присуството, пак, на лекари во селата било вистинска реткост. Ваквите околности придонеле лекарите да ги заземат повисоките скалила на општествената пирамида. Странските пропаганди биле свесни за перспективите што би се отвориле доколку успеат да обезбедат патронажа врз македонските медицинари. Влијанието што го нудела лекарската професија им овозможувало на лекарите успешно да агитираат кај македонскиот народ во полза на своите работодавци. Оттука, во последната деценија на ΧΙΧ век, министерствата за надворешни работи на балканските држави не штеделе средства за финансирање на своја лекарска фаланга во Македонија. Прва жртва во оваа борба за освојување на следбеници било токму македонското христијанско население, кое за да ги задоволи своите основни хумани и здравствени потреби било принудено да прави компромиси со себе и со својата национална свест. Во долните редови ќе го разгледаме начинот на кој бугарската и другите пропаганди на балканските држави ја користеле медицината за да ги остварат своите завојувачки планови во Македонија. Притоа, со компаративна анализа ќе ја тестираме тезата на бугарската историографија дека грчките, српските и романските лекари биле пропагатори, а дејноста на бугарските лекари била „чисто хумана и насочена кон лекување на болното бугарско население.“
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
11 MINOV.pdf
Size
530.77 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):122c8e5c71ef516f1f101bc3906a3d54
