Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6759
Наслов: Геодетска оскултација на хидројаловишна брана "Тополница"
Authors: Томе Геговски
Златко Богдановски
Златко Србиноски
Филип Касаповски
Keywords: хидројаловишна брана „Тополница”, деформации, ГНСС технологија
Issue Date: ное-2019
Publisher: Здружение Македонски комитет за големи брани - ЗМКГБ
Conference: 12-то Советување за водостопанство и хидротехника
Abstract: Геодетската оскултација на браните е геодетска активност која дава информација за геометриската стабилност на браните во текот на нивниот експлоатациски период. Со оглед на важноста на браните како инженерски објекти, потребен е сериозен пристап при нивното следење, односно потребна е примена на високопрецизни геодетски мерења и техники. Според досегашната практика земајќи ја во предвид можноста на техологијата со која се распо-лагаше во минатото, при следењето на ваквиот тип објекти се користеа класичните геодетски методи и инструменти за определување на деформациите. За примена на таа технологија потре-бно е да постои догледност меѓу точките од основниата геодетска мрежа и мерните точки во телото на браната. Геодетската осклутација на хидројаловишната брана “Тополница” на рудникот за бакар „Бучим” е една од браните, кај која, претходно споменатиот услов за физичка догледност меѓу точките е невозможен поради нејзината големина и самата конфигурација на теренот. Поради тоа, при определувањето на деформациите кај браната е искористена ГНСС технологијата која целосно ги задоволи барањата во поглед на точноста при определување на положбените деформации, додека вертикалните деформации беа определени врз основа на прецизниот геометриски нивелман
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6759
ISBN: 978-608-65373-8-8
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

189
checked on 9.11.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.