Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6719
Наслов: Потребата од заштита на критичната инфраструктура - со осврт на обезбедувањето на сообраќајната инфраструктура на Република Македонија
Authors: Марковски, Сашо
Keywords: критична инфраструктура, ранливост, безбедност, асиметрични закани.
Issue Date: 2020
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Марковски, С. (2020). Потребата од заштита на критичната инфраструктура - со осврт на обезбедувањето на сообраќајната инфраструктура на Република Македонија. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Овој магистерски труд во својот фокус ја опфаќа темата за заштита на критична инфраструктура, конкретно секторот сообраќајна критична инфраструктура, со посебен осврт врз патната сообраќајна мрежа, критичните точки како тунели и мостови, итн. Транспортот на опасни материјали, како и преносот и складирањето на нафта и природен гас. Методологијата за изработка на овој труд се состои од квалитативна анализа на релевантни податоци добиени од официјални документи, национални закони и меѓународни регулативи, како и релевантни статистички, квантитативни податоци од отворени извори. Резултатите од овој труд се однесуваат на практичната примена на мерките кои треба да се преземат за обезбедување оптимално ниво на безбедност на системите на критична инфраструктура, на национално и на меѓународно ниво. Главната хипотеза на овој труд се синтетизира на иницијативата за сеопфатен меѓу секторски пристап во справувањето со овие актуелни прашања и развивање на концептот на резилиентност. Ограничувањето на ова истражување се огледува во фактот што и покрај сите заложби и сеопфатни напори, не може да биде гарантирана инегрална безбедност на овие сложени и меѓузависни системи, поради бројноста и хибридноста на заканите кои ги прават овие системи ранливи.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Оливер Бакрески.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6719
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
samarkovski2020.pdf854.71 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

123
Last Week
5
Last month
checked on 13.12.2025

Download(s)

512
checked on 13.12.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.