Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6695
Наслов: Полифониската структура на романот „Бабаџан“ од Живко Чинго
Authors: Искра Тасевска
Keywords: жанр, полифониски роман, Живко Чинго, современа македонска литература
Issue Date: 2018
Publisher: Македонска академија на науките и уметностите
Проект: Методи на книжевната херменевтика, МАНУ, 2016-2017.
Journal: Критички методи и толкувања, том 2, прир. Катица Ќулавкова. Поглавје „Структурализам, постструктурализам, наратологија, постколонијализам и деконструктивизам“, 198-218.
Abstract: Во рамките на македонската литература од 20 век, дејноста на Живко Чинго ја обележува специфичната појава на регионалистичката проза под превезот на фантастичното (кое е, истовремено, одличен метод за маскирање на иронијата и гротеската), со што македонската литература се издигнува на уште повисоко рамниште. Неговиот богат уметнички свет и неговата посебно инспиративна и креативна личност одлично ја забележува Димитар Митрев уште во 1966 год., нарекувајќи го „случајот Чинго“ една од највлијателните појави на типичен раскажувач во македонската литература. Во рамките на книжевната критика (Слободан Мицковиќ, Бранко Варошлија, Влада Урошевиќ, Петар Т. Бошковски и др.) владее општоприфатеното мислење за овој раскажувач како посебен феномен (токму преку самопретставувањето, како што го определува Мартин Хајдегер), кој успева да ги спои формите на регионалистичката проза со реалистичното и фантастичното (ирационалното), внесувајќи длабока двосмисленост која не се троши и издигнувајќи се, на таков начин, кон најуспешните раскажувачи во македонската проза. Во таа смисла е сосема оправдана и определбата на Миодраг Друговац, кој смета дека структурата на Чинговото дело на свој начин (исклучително и типолошки) претставува „свет за себе“ кој фигурира независно, но во суштествена и длабока врска со претходната текстуална граѓа (Друговац 1990: 534).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6695
ISBN: 978-608-203-231-3
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

48
checked on 25.7.2024

Download(s)

64
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.