Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6685
Наслов: Во средиштето на промените (Димитар Пандев „Меѓу црквата и чаршијата“, Скопје, 2015)
Authors: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Keywords: македонска литература во 19 век, Јоаким Крчовски, лингвистика, културологија
Issue Date: 2016
Publisher: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература
Journal: Литературен збор 1-3, год. LXIII. Скопје: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература, 175-186.
Abstract: Книгата „Меѓу црквата и чаршијата“ од проф. д-р Димитар Пандев, која беше издадена од Матица македонска во 2015 година, претставува несекојдневен и единствен склоп од седумдесет и три поглавја (трудови, научни есеи), дополнети со укажувањата за нагледната и претпочитана литература. Опсежниот опус, кој се протега низ триста и деведесет страници, детално и специфично ги третира прашањата поврзани со културата во македонскиот 19 век, притоа нудејќи најразлични методолошки пристапи и интерпретативни стратегии за посоодветно објаснување на културните феномени во, според нас, еден од најсложените периоди во македонската култура воопшто. Специфичната структура на книгата овозможува секој одделен текст да се чита како дел од поголемата целина, но и посебно, како независна единица, што овозможува повеќеслојни интепретации. Поттикнат генерално од двестегодишнината од објавувањето на првото дело на Јоаким Крчовски („Слово исказаное заради умирание“, Будим, 1814 година), авторот всушност ја проследува целокупната македонска култура во овој период, спојувајќи ги историскофилолошките, лингвистичките, дискурсните анализи, семиотичките, социолошките и др. методи во интерпретацијата на одделните феномени.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6685
ISSN: 0024-4791
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Во средиштето на промените.pdf174.75 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

90
Last Week
1
Last month
checked on 25.7.2024

Download(s)

150
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.