Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6681
Наслов: „Мечта на еден старец“ од Григор Прличев среде жанровите на македонската литература од 19 век
Authors: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Keywords: македонската 19-вековна литература, жанр, Григор Прличев, исповед, културен идентитет, меморија
Issue Date: 2018
Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“
Journal: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 43-44.
Abstract: Македонската литература од 19 век, обележана со мноштво противречности, како на историски така и на културен план, претставува едно од најпроблематичните места при книжевноисториското следење на македонската литература. Тоа се забележува и во обидите да се исцрта развојот на книжевните жанрови во македонската литература, што е нужно од повеќе причини, бидејќи таквиот потфат фрла светлина врз последичните пројави во 20 и во 21 век, кои често се аспектираат како изолирани и самодоволни. Анализата се осврнува кон една проблематична текстовна конструкција од жанровски аспект – „Мечта на еден старец“ од Григор Прличев, која не само што го актуализира проблемот на жанрот, туку и ја загатнува специфичноста на промислувањата на Прличев. Во таа смисла, тој текст е и (авто)поетички, меѓу ретките расправи од тој вид во тој период од развојот на македонската литература
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6681
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

36
checked on 25.7.2024

Download(s)

114
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.