Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6680
Наслов: „Автобиографијата“ на Григор Прличев како жанровска парадигма во македонската литература од XIX век
Authors: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова
Keywords: автобиографија, жанр, македонска литература во 19 век, Григор Прличев
Issue Date: 2015
Publisher: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература
Journal: Литературен збор 4-6, год. LXII. Скопје: Сојуз на друштвата за македонски јазик и литература, 111-125, 2015. ISSN 0024-4791
Abstract: Истражувањето на жанровските карактеристики на автобиографијата претставува мошне важна задача во книжевнотеориска смисла, бидејќи автобиографијата како жанр повлекува редица прашања кои се однесуваат на валидноста на теориската претпоставка за постоењето на жанровите воопшто. Автобиографијата, како жанр кој најчесто се исклучувал од централистичката концепција на жанровите поради својата хибридна структура (односно поради јасното и недвосмислено упатување на референцијалната стварност на текстот), ги отвора прашањата за суштината на фикционалноста, како и за авторството, вистината и себството. Определувањето на автобиографскиот потфат на Прличев како парадигматски се раководи од фактот што неговото дело, во најголема мера, ги рефлектира специфичностите на жанрот автобиографија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6680
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

162
checked on 17.5.2024

Download(s)

573
checked on 17.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.