Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6668| Наслов: | Улогата на обуката и развојот на вработените во остварување на подобри перформанси во ИТ секторот | Authors: | Костојчиноска, Ана | Keywords: | професионалниот развој на вработените, задоволството од работата, мотивацијата од работа и перформансите на вработените, демографски карактеристики | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Костојчиноска, А. (2020). Улогата на обуката и развојот на вработените во остварување на подобри перформанси во ИТ секторот. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет. | Abstract: | Во областа на управувањето со човечките ресурси, обуката и развојот на вработените е поле кое е одговорно за организациските активности кои се насочени за подобрување на перформансите на индивидуалците и групите во организациското опкружување. Преку процесот на обука и развој на вработените, менаџментот на човечки ресурси, овозможува постојани иновации во знаењето, создава услови за меѓусебно учење и надополнување на знаење, размена на искуствата и проактивно однесување. За да се надминат растечките побарувања во деловниот свет, кој станува динамичен и постојано променлив, осовремуван и во тек со модерниот свет, но и за да се стигне до највисоките предизвици на глобалната генијалност, потребна е комбинација на нови технологии, вешти и талентирани луѓе. Поради брзиот глобален и технолошки развој, организациите се соочуваат со нови промени и предизвици. Технолошките достигнувања ја обликуваат потребата за соодветни способности и компетенции потребни за извршување на посебни задачи. За да се одржи токму таквиот баланс, за конкурентност и успех на пазарот, потребено е постојано пратење на новите трендови, промени и иновации, за понатамошно надоградување и усовршување на знаењата на вработените. Ова истражување има за цел да ја открие улогата на обуката и развојот на вработените во остварување на подобри перформанси во ИТ секторот, како и да провериме дали постојат разлики кај вработените од различен пол, возраст, образование и работен стаж во однос на професионалниот развој на вработените, задоволството од работата, мотивацијата од работа и перформансите на вработените. | Опис: | Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Виолета Арнаудова. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6668 |
| Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези |
Files in This Item:
| File | Опис | Size | Format | |
|---|---|---|---|---|
| akostojchinoska2020.pdf | 2.48 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.
