Иселеници повратници: нова перспектива на миграциските истражувања во Mакедонија
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Миграциските текови на територијата на Македонија се развивале и менувале низ историските периоди. По распадот на Југославија, иселеничките движења од Македонија се разликуваат значително од традиционалните облици на миграција. Најкарактеристични примери се eмиграцијата на високо квалификувани и образовани лица или одлив на мозоци, како и миграциските текови и трендови предизвикани од воведувањето и либерализацијата на визниот режим во Европската унија и зголемената мобилност на населението предизвикана од ефектите на глобализацијата.
Покрај овие иселенички движења, постои и обратен миграциски процес, односно враќање на иселениците во земјата на потекло. Иако бројот на иселениците повратници не го надминува оној на отселените граѓани од Република Македонија, сепак, го поттикнува интересот за истражување.
Во овој труд ќе бидат анализирани придобивките на враќањето на иселениците и нивната улога во македонското општество и ќе бидат изнесени неколку примери на успешни иселеници повратници и нивните економски дејности во Македонија. Истражувањето, покрај презентирањето на досегашните квалитативни резултати, има за цел да поттикне понатамошни истражувања во областа, како и да отвори дебата за миграциските проблеми со кои се соочува Република Македонија.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
GZ69.30. Авировиќ, И. - Иселеници-повратници. Нова перспектива на миграциските истражувања во Македонија.pdf
Size
850.54 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):fcc3c5f6b4fb7109b36c820da0539afb